Зошто српските актери Слобода Мичаловиќ и Војин Четковиќ ги кријат ќерките од јавноста?

Во брак се повеќе од 15 години, се знаат многу одамна, но се вљубија на снимањето на филмот „Зона Замфирова“... Какви се ставовите околку ќерките близначки на овој славен пар?

zoshto-srpskite-akteri-sloboda-michalovikj-i-vojin-chetkovikj-gi-krijat-kjerkite-od-javnosta-01.jpg

Српските актери Слобода Мичаловиќ и Војин Четковиќ, кои се зближија на снимањето на филмот „Зона Замфирова“, се свршија во 2007, а стапија во брак во 2008 година. Тие се во брак деценија и половина, а одамна донесоа одлука да ги заштитат нивните ќерки од очите на јавноста.

Инаку, Војин има уште еден брак зад себе, а од видување од филмски сет наводно се знаеле со Слобода уште кога таа имала 17 години. Тој е 10 години постар од неа.

Парот наводно имал проблем да добие потомство, но за тоа не сакале да говорат јавно.

Тие откако добија близначки во 2010 година, одлучија дека нема да ги покажуваат во медиумите и навистина ретко може да се види како всушност изгледаат нивните ќерки Вера и Мила.

„Желба на Војин беше да ги заштитиме ќерките од јавноста, условно речено.

Но, не за никој да не ги види, туку за да бидат како и сите други деца, едноставно не сакавме да им наметнуваме да се носат со нашиот стил на живот.

Нема потреба прерано да влегуваат во тој свет, затоа што на нив тој свет ништо не им значи.

Ако ме прашате дали ми е жал што немам некои професионални фотографии со нив додека беа мали – жал ми е. Но, за другото не“, изјави во една пригода Слобода.

Во последно време српските медиуми постојано пишуваат за гласини околу крајот на бракот на актерите затоа што тие речиси никаде не се појавуваат заедно, сепак тие во една пригода се појавија заедно и среќни на кино и ги негираа пишувањата.

Дел од ретките фотографии на Инстаграм профилот на Слобода со ќерките:

Повеќе фотографии од Слобода и Војин, кои и самите од себе заедно ретко објавуваат фотки:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Се колнеше дека ја сака неизмерно: Кој беше свршеникот на Северина кој ѝ раскина заради видео снимка... „Ја сакам бесконечно. Нашата љубов е бескрајна. Не постојат работи што можат да ...
Партнерката на Милош Биковиќ објави фотка како го дои синот, актерот се жали дека деновиве сѐ се све... „Засега сѐ се сведува на плач. Плаче бебето, но плачам и јас“ – изјави Милош Бик...
Колешките се „вкочануваат“ кога снимаат секс сцени со него, дава скандалозни изјави – Факти за Вук К... Познат е по скандалозните изјави, откри дека за време на снимањето на секс сцени...
Првата сопруга го остави за 15 години помлад стјуард, втората му го зема станот: Бурниот љубовен жив... Српскиот актер Бранислав Лечиќ, во изминатите години беше во фокусот на јавноста...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Почина познатиот српски актер Жарко Лаушевиќ - Не ја победи тешката болест Жарко Лаушевиќ не ја извојува битката со тешката болест. Неговото семејство за с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg