По Црна Гора, и во Сарти скандалозно однесување на туристите - Ги игнорираат црвените знамиња за опасност, во морето има и деца

„На плажата во Сарти само рано наутро нема бранови, но како тече денот тие стануваат сè поголеми и не е шега, бидејќи ве влечат наназад. Ова не е место за одмор со деца“, „Поздрав за насмеаниот спасувач, пред неколку дена извади двајца во рок од пет минути“, пишуваат туристи кои се сведоци на несовесните капачи, што влегуваат во море и покрај предупредувањата.

gi-ignoriraat-crvenite-znaminja-za-opasnost-vo-moreto-ima-i-deca-spasuvachi-vo-grcija-i-crna-gora-machat-maka-so-nesovesni-turisti-01.jpg

На плажите во Грција и Црна Гора, спасувачите ова лето честопати поставуваат црвени знаменца како предупредување дека туристите не треба да влегуваат во морето, поради ветерот, струите и високите бранови.

Но, се чини дека многумина ги игнорираат овие предупредувања, па спасувачите имаат многу работа.

gi-ignoriraat-crvenite-znaminja-za-opasnost-vo-moreto-ima-i-deca-spasuvachi-vo-grcija-i-crna-gora-machat-maka-so-nesovesni-turisti-02.jpg

За еден таков пример деновиве се поведе дискусија и на Фејсбук групата „Грчка инфо“, каде што еден од членовите сподели фотографија од плажа во Сарти, на вториот крак на Халкидики, каде што е поставено црвено знаме, но во морето сепак има капачи.

„Дали поради незнаење или ароганција, но луѓето навистина не се нормални...

На видно место јасно е истакнато црвено знаме кое експлицитно забранува влез во водата. Спасувачот нон-стоп поминува и ги предупредува, а штом си замине, тие повторно се враќаат во вода. Најмногу загрижува тоа што меѓу капачите има најмногу деца.

Зошто луѓето се ставаат во опасност себе, своите деца и овој чесен човек, кој си ја работи својата работа крајно професионално?“ прашува член на групата.

gi-ignoriraat-crvenite-znaminja-za-opasnost-vo-moreto-ima-i-deca-spasuvachi-vo-grcija-i-crna-gora-machat-maka-so-nesovesni-turisti-03_copy.jpg

„На плажата во Сарти само рано наутро нема бранови, како тече денот стануваат сè поголеми и не е шега бидејќи ве влечат наназад. Ова не е место за одмор со деца“,

„Поздрав за насмеаниот спасувач, пред неколку дена извади двајца во рок од пет минути“,

„Затоа што сме идиоти, затоа го правиме тоа“,

„Масовната глупавост постоела отсекогаш“ – се дел од коментарите.

gi-ignoriraat-crvenite-znaminja-za-opasnost-vo-moreto-ima-i-deca-spasuvachi-vo-grcija-i-crna-gora-machat-maka-so-nesovesni-turisti-022.jpgЦрна Гора

Оваа сезона 2023 слична беше и на црногорското приморје.

Локалните медиуми неколку пати пишуваа дека на некои плажи е поставено црвено знаменце кое не се почитува. Дел од плажите во јули беа евакуирани поради високите бранови.

Но, некои како да не се грижеа за високите бранови и можната опасност, иако имаше и жртви.

„Плажата Плоче (Будва) вчера. Работам таму како спасувач. Не сакаат да излезат од водата и покрај црвеното знаме, уште да се степаат, сакаат во вода и тоа е“ - стои во една од објавите. 

На Инстаграм профилот „Подгорички времеплов“ е објавено видео од маж кој стои на пристаниште и кој делува како да чека да го удри бран, додека во морето има луѓе кои пливаат.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
„Плоче“ и уште 7 најубави бич барови и ресторани на плажите во Црна Гора Листа од некои од најубавите барови и ресторани покрај плажа во Црна Гора, кои н...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
„За да добие пари од мене, мора да ми роди барем 2 деца“ – Што зборуваше првиот сопруг на Јелена Кар... Постапката за развод била завршена за неколку дена. Бојан ја извадил бурмата вед...
Реки по улиците, луѓе заробени во домовите - По бурата Даниел, делови од Грција повторно поплавени о... Годинава Грција се соочи со можеби најлошите природни катастрофи во изминатите н...
Анѓелка Прпиќ изгледа фит во црвено, откако тајно се омажи со најдобриот пријател на нејзиниот поран... Актерката Анѓелка Прпиќ, која во мај доби дете, а неодамна тајно се омажи за нај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg