Поранешната претседателка на Хрватска се преполови - Колинда Грабар (55) ослабе 30kg и изгледа подобро отколку во младоста

Во текот на диетата се забранети рафинирани шеќери и полуготови производи, а се пијат протеински шејкови, се внесуваат аминокиселини, се јаде месо, риба и зеленчук, кои се подготвуваат на медитерански начин. Како Колинда Грабар Китаровиќ ја доведе линијата до совршенство?

poraneshnata-pretsedatelka-na-hrvatska-se-prepolovi-oslabe-30kg-i-na-55-godini-izgleda-podobro-otkolku-vo-mladosta-01.jpg

Поранешната хрватска претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, се преполови – таа ослабе околу 30kg и на 55 години изгледа подобро отколку во младоста, вели јавноста.

Таа на Инстаграм објави фотка во маскирни панталони и маичка, а на која се гледа дека формата ја довела до совршенство, па доби комплименти за изгледот.

View this post on Instagram

A post shared by Kolinda Grabar-Kitarović (@kolinda_gk)

Колинда со години велеше дека ѝ е многу жал што нема време да вежба и така да го намали вишокот килограми.

Дополнителен проблем ѝ беа и болките во раката и таа во минатото велеше дека има моменти кога едвај успева да ја движи.

Но, разликата во изгледот е очигледна, а споредVečernji.hr, новата фит линија на Колинда се должи на липосукциската диета.

Станува збор за режим на исхрана кој се заснова на внес на природни масти, а се елиминираат јаглехидратите.

Во текот на диетата се забранети рафинирани шеќери и полуготови производи, а се пијат и протеински шејкови, се внесуваат аминокиселини, се консумираат месо, риба и зеленчук кои се подготвуваат на медитерански начин.

Според хрватските медиуми, за појадок и ручек при оваа диета се пијат протеински шејкови, а се внесуваат и додатоци во исхраната, т.е. аминокиселини и растителни влакна.

Главен оброк при оваа строга диета е вечерата, а тогаш се јаде варен зеленчук (брокула, карфиол), месо (чисто, на пример пилешко, телешко и јагнешко, а се избегнува свинкото) и риба (лосос или туна).

Со вечерата се дозволени и салати, но најчесто зелени: марула, зелка, краставица.

Овошјето и јаглехидратите се строго забранети и воопшто не се консумираат.

Диетата не е поврзана со липосукцијата (и покрај името), туку подразбира строг, но здрав начин на исхрана.

Оваа диета ја пробаа и Тијана Дапчевиќ, Викторија Лоба, Неда Украден, Сузана Манчиќ, но и светските ѕвезди Џенифер Анистон и Моника Белучи.

Повеќе фотографии од Колинда Грабар Китаровиќ на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сакал да стане ортопед, по 2 разводи се ожени за 20 години помлада фризерка – Факти за актерот Драга... Граната паднала врз неговата зграда додека бил дома. Детали за животот на актеро...
Николина Пишек по бикини на Родос ги разбесни фановите: „Островот гори, луѓето страдаат, ти објавува... „Време за опуштање. Без објаснување, без зборови. Потребен ми е одмор од сè“, на...
Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
Се породи Ивана Кораб – Една од најубавите Србинки која едвај забремени со ин витро, објави фотки од... Манекенката Ивана Кораб, која важи за една од најубавите жени во Србија, роди си...
„Пред да му се налутиш на мажот што не ги кренал валканите чорапи, сети се дека некому сопругот му н... „Знаете како е кога мајка ви по стоти пат ќе ве изнервира затоа што ви зборува д...
Поради најдобриот пријател остана на улица, првиот филм го сними пред 50 години: Животот на Зоран Цв... Иако важи за еден од најдобрите во својата професија, популарниот Ивко од „Ивков...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg