Во врска е со 13 години постара колешка - Кој е актерот што го толкува заводникот Сомер од серијата „Трите сестри”?

Се запознал со својата љубовница Мине додека студирал во странство. Таа била во брак, а токму поради тоа неговото семејство е најголем противник на нивната врска. Но и покрај сите препреки тој не ја оставил. Ова е приказната на улогата што актерот ја толкува во серијата „Трите сестри“. На приватен план тој е среќно вљубен во 13 години повозрасна колешка.

fakti-za-somer-od-trite-sestri-01.jpg

Заводникот од популарната серија „Трите сестри” Сомер е единствениот син на најбогатото семејство на Ајвалик, Ручкан и Озер.

На барање на својата мајка се ожени со убавата Туркан поради неговите финансиски стравови, но постави ѕид меѓу нив и си вети дека нема да се заљуби во неа бидејќи Мине е единствената која го поседува неговото срце.

Улогата на Сомер ја толкува младиот актер Беркер Ѓувен кој своето деби го имаше во 2017 година со улога во филмот „Мојот татко”.

Во ноември 2019 година, му беше доделена наградата за најдобар драмски актер на годината за претставата „Јен“.

Роден е на 7 септември 1994 година во Измир, студирал на Универзитетот Билги во Истанбул, Катедрата за кино и телевизија.

View this post on Instagram

A post shared by Özgü Kaya (@kayaozgu)

Беркер моментално е еден од најбараните турски актери, а за кратко време ги освои симпатиите на публиката.

Срцето му го украде актерката Нихал Јалчин со која е заедно од летото 2020.

Нихан е 13 години постара од него но тоа не им пречи да бидат заљубени и среќни.

„И двајцата имаме дестки дух во себе. Така, воспоставуваме многу добри меѓусебни односи.

Ние сме еднакви. Во нашата врска, „возраста“ е само нешто напишано на личната карта. Затоа сме многу среќни.

Сакаме да гледаме филмови и да одиме во театар, но не го темелиме целиот живот со тоа.

Се забавуваме заедно. Нихал е многу талентирана актерка, учам што можам да научам од неа“, изјави тој во една прилика за турските медиуми.

Претодно Бњркњр бил во врска со актерката Сера Кутлубеј.

Денес познатата турска актерка, е во врска со Емир Емиролу од 2021 година.

Сера и Беркер се запознаа за време на снимање на серијата „Безмилосен град“.

Во серијата, актерот глумеше Недим Карачај, лик со хендикеп.

За потребите на улогата еден месец посетувал училиште основано од Фондацијата за заштита и развој на деца со ментална попреченост.

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
Босанец на 85 години се ожени со 38 години помлада жена: „Со години ѝ помагав додека беше во брак со... „Еден ден таа дојде овде и заплака и ми рече дека веќе не може да издржи со сопр...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
„Плоче“ и уште 7 најубави бич барови и ресторани на плажите во Црна Гора Листа од некои од најубавите барови и ресторани покрај плажа во Црна Гора, кои н...
Го избркаа среде серија затоа што бил „тежок човек“, важи за еден од најзгодните Хрвати  – Како изгл... Имаше гласини дека бил избркан од серијата „Чиста љубав“ заради постојани несогл...
Бившиот на Цеца, со малку оседена коса, ужива во љубовта со некогашната Мис Србија – ја преболи пеја... „Сонце, песок, море и ти. Само мој“, напиша новата девојка на бизнисменот Богдан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg