Србинка за 18 месеци ослабе 83 килограми по природен пат - која е нејзината тајна?

Србинката Јелена Дробњак без естетски зафати, операции и интервенции успеала да ослабе 83 килограми во период од година и пол. Таа денес се обидува да ја поткрене свеста за опасноста од емотивното прејадување и се труди да биде инспирација за другите.

srbinka-za-18-meseci-oslabe-83-kilogrami-po-priroden-pat-a-sega-porachuva-hranata-ne-e-emocija-01.jpg

Јелена Дробњак (39) во јуни 2019-та година имала 156 килограми, за 18 месеци подоцна во целост да успее да ја преполови сопствената тежина, а денес работи како мотивациски говорник и консултант за процесот на слабеење.

Таа постојано си дава нови цели за тежина која сака да ја постигне, првата цел била да стигне до 100 килограми, па потоа и до 80 килограми, па до 78,1 килограм (половина од почетната тежина) и крајна цел ѝ е да стигне до 65 килограми.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Drobnjak Dimitrić 👊🏻♥️ (@hrana_nije_emocija)

Под мотото „храната не е емоција“ таа редовно објавува сопствени фотографии и ги бодри сопствените следбенички дека може да успеат да ги остварат сопствените цели.

Нејзината тајна е во тоа што сфатила дека треба да престане да бара емотивна утеха во храната и да почне да води сосема поинаков, поздрав живот, кој вклучува здрава исхрана и вежбање.

„Цел живот бев буцка, но тоа не ми претставуваше голем проблем, додека на моето опкружување најверојатно му пречело. Мојата тежина ескалираше пред неколку години, по породувањето и некои животни околности, во кои не бев свесна дека емотивно се прејадувам“ – раскажува Јелена.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Drobnjak Dimitrić 👊🏻♥️ (@hrana_nije_emocija)

Таа во повеќе наврати раскажува за тоа како изгледал животот со 156 килограми, а како што вели, тоа воопшто не било лесно:

„Дебелината не е бројот на килограми, тоа е страдање, се осудуваш себеси на неможност, си ги скратуваш сите желби, се откажуваш од себеси.

Тоа се чувствата што те задушуваат, тоа се мислите што те оптоваруваат, тоа е состојба во која пати душата, а телото го трпи товарот, тоа е тагата со која се будиш и со која си легнуваш да спиеш секоја ноќ.“

Во 2019-та година Јелена одлучила да направи крупни промени во сопствениот живот, откако претходно една година ментално се подготвувала да се справи со сите причини за нејзиниот проблем со емотивното прејадување.

„По неколку години откако работам на себеси можам да кажам дека променив сѐ. Го променив сопствениот начин на размислување, почнав поодговорно да се однесувам кон себеси, да ги разбирам сопствените емоции, да ги решавам траумите од детството, да се соочам со сопствените стравови, престанав да се плашам од себеси.

Ја променив професијата и по 17 години во финансии, почнав да работам како тренер и студирам на Вишата медицинска школа во Белград“ – раскажува таа.

Јелена на својот Инстаграм профил редовно споделува фотографии од храната што ја консумира, а нејзините фотографии се инспирација за голем број жени. 

Како што може да се види, таа освен што ја нагласува важноста за спротивстваување на емотивното прејадување, исто така денес води целосно здрав начин на живот.

Во изминатиот период, откако работи како тренер, освен што си помогнала себеси, таа им помогнала и на 300 други жени што долг период имале проблеми со телесната тежина.

Погледнете повеќе нејзини фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Ѓоковиќ во кул комбинација и накит од 4.000 евра издоминира во Скопје: Се дружеше со Македонц... Јелена Ѓоковиќ во Скопје беше облечена во циклама панталони со висок струк и кош...
Како изгледа денес слаткото детенце Осман од турската серија „Бурни времиња“? Го запознавме како 5-годишно детенце кое глумеше во трагичната турска серија „Бу...
Јелена Карлеуша до хејтерите: „Жените на 45 години не се баби, можат да се сликаат како сакаат“ „Секојпат кога некој ќе ме навреди затоа што имам 45 години, јас слабеам уште 10...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Првата сопруга го остави за 15 години помлад стјуард, втората му го зема станот: Бурниот љубовен жив... Српскиот актер Бранислав Лечиќ, во изминатите години беше во фокусот на јавноста...
Босанец на 85 години се ожени со 38 години помлада жена: „Со години ѝ помагав додека беше во брак со... „Еден ден таа дојде овде и заплака и ми рече дека веќе не може да издржи со сопр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg