Што треба да знае детето при упис во прво одделение?

Детето не мора да знае да чита, но треба да ги препознава буквите... Кои работи е важно детето да ги знае пред да го однесете на упис во прво одделение?

deca-prvacinja-01.jpg

Почнувањето на детето во училиште и запишувањето во прво одделение кај многу родители создава возбуда и нервоза.

Но сепак за да се избегнат непотребната нервоза и притисок добро е и детето и родителите да се подготват за овој голем ден.

Во прво одделение во основното училиште родителот односно старателот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години.

deca-prvace-03.jpg

Секако родителите ги мачат прашањата: дали детето е подготвено за на училиште, дали е доволно зрело на тие години и најважно од сѐ, дали ќе помине добро на тестирањето и што треба да знае.

Освен потребните документи, (потврда за примените задолжителни вакцини, потврда од стоматолошки преглед, потврда од извршен офталмолошки преглед, копија од извод од матична книга на родените) детето треба да има и одредени предзнаења.

Посветете време на читање

Добро е со детето да поминете одреден ден од денот кога заедно ќе прочитате приказна, а потоа и да ја раскажете.

Така детето ќе биде подготвено кога педагогот ќе го постави прашањето која е неговата омилена приказна.

Препознавање на букви

Многу родители се фокусираат на тоа детето да ја знае азбуката, да знае да чита и пишува уште пред да тргне на училиште. Но, сепак доволно е само детето да ги препознава буквите.

Научете го да го напише своето име и да ги распознава буквите, а не само механички да ги пишува и изговара.

Се очекува да знае на која буква започнува или завршува одреден збор.

Исто така ова ќе биде добредојдено и за офтамолошкиот преглед, што е неопходен пред упис во прво одделение, за детето да може да ги препознае знаците и буквите во ординацијата.

Препознавање на боите

Она што е потребно пред упис во прво одделение, е детето да ги научи боите.

Се очекува детето да знае да препознае и именува предмети од слика. Посветете внимание на животните и она со што тие се хранат.

Потребно е детето да прецрта одредена слика.

Па така вие низ игра можете да го научите детето како да ги прецрта работите кои вие ќе ги нацртате на лист хартија. Ќе биде забавно и корисно за детето.

deca-prvace-02.jpg

Броење

Од детето се очекува да знае да брои од еден до десет и наназад.

Правилно изговарање

Се посветува внимание на тоа како детето ги изговара зборовите. Дали можеби има некоја тешкотија, дали јасно и чисто разговара и дали се изразува граматички.

Она што треба да го знае, е и датумот на раѓање, односно роденденот.

Од детето се очекува да знае во кое годишно време е родено, на кој датум е родено и колку годишни времиња има.

Научете го каде живее

Од различни ситуации во секојдневието добро е детето да знае на која улица живее, а истото е потребно и за тестирање.

Детето треба да го знае своето име и презиме, возраст, име на родителот и занимање на родителот.

Бонус: Пет вештини што детето треба да ги знае пред да тргне во училиште (и на кои треба да работите во текот на летото):

  • Да знае да врзе врвки од чевли;
  • Само да се облекува;
  • Само да оди во тоалет;
  • Само да пакува книги - да го подготови ранецот;
  • Да знае да запомни што има за домашна работа.

В. К. | Црнобело / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

Maкедонка, што живее во САД, го откри полот на бебето со натпис на куќата и украси во дворот - најср... „Бидејќи синот Адам (3) беше возбуден за тоа дека ќе биде голем брат, сакав дозн...
Антониа Гиговска објави први фотки со синот Киан: „Ми докажа за што вреди да живееш“ „Сакавме малку моменти за нас, па решивме денес официјално да ве поздравиме. Вче...
Мартин од „Некст тајм“ ќе стане татко, објави фотки од трудничкото стомаче на сопругата Мартин сподели неколку фотографии со сопругата - додека ја бакнува во челото и ф...
Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег...
Македонскиот рапер Таско стана татко – со сопругата му дадоа уникатно име на синот „Фала ти Господе за овој прекрасен благослов“, напиша Таско и откри дека станал ...
Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg