Скопскиот маратон дел од Twitterton

skopskiot-maraton-del-od-twitterton-povekjeСкопскиот маратон е еден од 26-те маратони низ целиот свет кои ги соединија своите сили за меѓусебна поддршка на Твитер во тек на 26 дневниот Твитертон.

 

Маратон Твитертон е инициран од Миланскиот градски маратон, а првиот е одржан на 19-ти март. Првиот ден Миланскиот градски маратон испрати по Твитер Порака за надеж до Маратонот на сончевата еклипса. Во текот на 26 дена, секој од 26-те маратони учесници ќе твитаат пораки на нивниот јазик за следниот маратон се до последната порака која ќе биде испратена назад до Миланскиот градски маратон на 13 април.

Скопскиот маратон порака за надеж ќе прими од Дингл маратонот во Ирска, а својата порака ќе ја испрати до BMW Маратонот во Берлин. Ноќта пред Миланскиот маратон, организаторите ќе ги исцртаат сите 26 пораки на летечки змаеви кои ќе бидат пуштени да летаат над градот.

„Со станувањето на скопскиот маратон традиција и знаменитост на градот, сакавме да бидеме вклучени и во оваа специјална активност која го слави маратонскиот дух низ целиот свет. Со испраќање на порака за надеж низ целиот свет, ние ги прифаќаме како наши вредностите на маратонското трчање – издржливост, борбеност и истрајност и со тоа сакаме да ги охрабриме сите народи и нации да се чувствуваат како дел од едно глобално семејство“, изјави Кире Синадиновски, директор на Скопскиот маратон.

Сите твитерџии кои го следат Скопскиот маратон (www.twiter.com/skopjemarathon), при ретвитање на нашата порака или нивни пораки доколку го вклучат #MCM2012 хаштагот ќе учествуваат во наградната игра со постирање на порака за надеж и пријателство во текот на целото натпреварување. Наградната игра ја организира Миланскиот градски маратон, а трае се до 13-ти април.

Пораките за надеж можат да бидат видени на https://twitter.com/#!/search/%23MCM2012, а пораките на секој маратон ќе бидат испраќани секој час во текот на 26-те дена.

Скопски маратон ќе се одржи на 6 мај, а пријавувањата се веќе во тек.

Листата на 26-те маратони според распоредот на испраќање на пораката за надеж

  1. Барклејс Милано Градскиот маратон, Италија
  2. Соларна еклипса маратон, Порт Даглас, Австралиа
  3. Маратон на Големиот ѕид, Бејџинг, Кина
  4. Голд Коуст Аирпорт маратон, Голд Коуст, Австралија
  5. Аиртел Делхи Полу маратон, Индиа
  6. Биг Фајв маратон, Ентабени, Јужна Африка
  7. Нордеа Рига маратон, Рига, Латвија
  8. Петра маратон „Трчај назад во времето“, Петра, Јордан
  9. Братај Виндермер маратон, Виндермер, Кумбрија, Обединото Кралство
  10. Реге маратон, Негрил, Јамајка
  11. Миракл Мач маратон, Вако, Тексас
  12. Еџ то Еџ Маратон, Ванкувер, Канада
  13. Лонг бич Интернашнел Сити Банк маратон, Калифорнија, САД
  14. Видактива Кито полумаратон, Кито Еквадор
  15. Амика Сиетел маратон, Сиетел, Вашингтон САД
  16. Маратон на Велигденските острови, Велигденски острови, Чиле
  17. ВМО Ванкувер маратон, Ванкувер, Канада
  18. Маратон Интернашнел де Пакасмајо, Пакасмајо, Перу
  19. УЦЦ Кофи Кона маратон, Хаваи, САД
  20. Випро Сан Франциско маратон, Сан Франциско, САД
  21. Пунта Кана Полумаратон, Доминиканска Република
  22. Нашенал Колеџ Блу Риџ маратон, Раноке, Вирџинија, САД
  23. Полар Сиркл маратон, Кангерласуак, Гренланд
  24. Дингл маратон, Дингл, Ирска
  25. Скопски маратон, Скопје, Македонија
  26. БМВ Берлински маратон, Берлин, Германија

Би можело да ве интересира:

Џамбазов, Мајка Тереза - Кои познати Македонци добија мурали низ земјава? Во 2022 година во Куманово беше нацртан мурал на голманот на фудбалската репрезе...
Македонски музички ѕвезди кои пееја на „Златно славејче“ - Ги помните ли нивните песни? Калиопи, Тоше, Ноне, Симон Трпчески, Васил Гарванлиев и уште многу познати музич...
Жарко Димоски доби син и објави прва фотка, Слаткар и Сања Николиќ на прошетка во Солун: Што прават ... Актерот Жарко Димоски со сопругата Андреа доби син, па шеговито се пожали: „Еден...
Миа Костова за летувањето на Корзика: „Ден на плажа е минимум 200 евра, поубаво море нема да видите,... „Ако некогаш се решите за Корзика, гледајте да имате убава куќа во која може и д...
Бајковита свадба на пар од Скопје - невестата во раскошна венчаница, младоженецот во розов костум и ... „Во брак сме скоро две години, но поради пандемијата, плановите за свадба малку ...
„Што сте убави“ - Сања Николиќ го прослави 41-иот роденден, Слаткар и синот Моша ѝ пееја додека дува... „Бравоо, среќен роденден мамо! Што сте убави...“, вели Слаткар во роденденското ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg