Од денес работат сообраќајните камери во Скопје!

od-denes-rabotat-soobrakjajnite-kameri-vo-skopje-povekjeВе советуваме од денес повеќе да внимавате како возите во главниот град! Од денес работат безбедносните сообраќајни камери во Скопје!

 

Дневник пренесува дека од денес, 7ми Мај 2012-та година работат сообраќајните камери во главниот град. Поставени се над 100 камери на главните локации и сообраќајници во градот, и преку нив ќе бидат снимани несовесните возачи и казните ќе им бидат испраќани директно на домашната адреса.

Според надлежните има камери кои се фиксни, но има и камери кои снимаат и 360 степени, но и камери кои можат да снимат до најситни детали. Ќе се ловат сообраќајните прекршоци – поминувањата на црвено, непропуштањето пешаци, непрописното престројување, итн. Казните со доказниот материјал ќе бидат испраќани на домашната адреса на престапниците.

od-denes-rabotat-soobrakjajnite-kameri-vo-skopje

Но покрај казните, се најавува дека со камерите ќе се следи протокот на сообраќај во главниот град и дека со нивна помош ќе се оптимизираат зелените бранови низ градот со цел полесно минување низ центарот и намалување на сообраќајните гужви. Според експертите, времето потребно за стигнување од една до друга локација во градот би можело да се намали за една четвртина, а со тоа да се намали и потрошеното гориво.

Според законот, снимените материјали ќе се чуваат до шест месеци, а потоа ќе бидат уништени, освен оние материјали кои се користат како доказ во кривична или прекршочна постапка.

извор: carclub.mk

Би можело да ве интересира:

Почина Мирко Попов (51), еден од пионерите на електронската музика во Македонија На 51 година од мозочен удар почина Мирко Попов, еден од пионерите на електронск...
Ивона Јо никогаш посреќна и понасмеана - на одмор со пријателката Тамара Волческа (фото) Од вечерни излегувања до прошетки и одмори, Ивона Јо и нејзината пријателка, ист...
Со Ferrari по четврта европска титула: Иџе го претстави автомобилот за новата тркачка сезона Ferrari е новиот автомобил со кој нашиот Игор Стефановски - Иџе, европски шампио...
Тура на убавина низ Македонија: Светлана Црнокрак - гостиварка, Јелена Јованова - штипјанка Каролина Гочева е од Битола, Снеже Велков од Македонска Каменица, а манекенката ...
Антониа и Роберт, Стефан и Марта - Познати македонски парови што денес слават Младенци Кои познати македонски парови се венчаа во црква по 22-ри март минатата година и...
Лила по 4 месеци повторно на Бали: „Затоа што еднаш не е доволно“ Лила Филиповска повторно ужива на Бали, само неколку месеци откако го посети ост...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg