Корисниците на T-Home и T-Mobile ќе бидат дел од холивудски филм

korisnicite-na-t-home-i-t-mobile-ke-bidat-del-od-holivudski-film-povekjeНаградуваниот режисер, Асгер Лет и Дојче Телеком (ДТ) се здружуваат во создавањето на првиот интерактивен игран филм  „Move On“ (Продолжи).

 

  • Мадс Микелсен, ѕвездата од филмовите „Казино Ројал“, „Тројца мускетари“, „Чудовишта наспроти Вонземјани“ и „Судирот на титаните“ ја игра главна улога.

  • Корисниците од Македонија ќе учествуваат во креирање на  филмот преку предлагање на локации за снимање, избор на музика, а ќе имаат и можност да  добијат една од улогите во „Move on”.

Корисниците на T-Home и T-Mobile ќе бидат дел од снимањето на холивудски патеписен филм „Move on“ (Продолжи). Ова неверојатно искуство за македонските граѓани е резултат на соработката на Дојче Телеком со холивудскиот режисер Асгер Лет со цел да го креираат „Move on“, првиот интерактивен патеписен игран филм.

korisnicite-na-t-home-i-t-mobile-ke-bidat-del-od-holivudski-film-1

Главната улога во филмот му е доверена на Мадс Микелсен, ѕвездата од филмовите „Казино Ројал“, „Тројца мускетари“, „Чудовишта наспроти Вонземјани“ и „Судирот на титаните“.

За прв пат во филмската историја, корисници од 11 европски земји членки на Дојче Телеком Групацијата, меѓу кои и од Македонија ќе имаат уникатна можност да учествуваат во процесот на создавање на еден високо буџетен филм. Почнувајќи од пред-продукцијата, па сè до завршувањето на филмот, корисниците благодарение на производите и услугите на мобилниот интернет на Дојче Телеком ќе можат да креираат елементи од филмот: да предложат локации за снимање, да имаат улога на виртуелни кастинг агенти, да влијаат на изборот на музиката, а дел од нив и да бидат актери во самиот филм, со што ќе помогнат во реализацијата на овој возбудлив проект.
Со реализацијата на овој проект, корисниците на Дојче Телеком од Македонија, Албанија, Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка Република, Германија, Унгарија, Црна Гора, Холандија и Словачка имаат можност да креираат уникатен заеднички филм и да станат дел од неповторлива авантура, што е дел и од бренд филозофијата на Дојче Телеком (ДТ) - „Сподели доживувања“.

korisnicite-na-t-home-i-t-mobile-ke-bidat-del-od-holivudski-film-2Љубителите на филмот од Македонија ќе можат да дознаат повеќе за овој  предизвик и да се приклучат на ова креативно патување преку сајтот www.move-on-film.mk.

Сценариото за овој патеписен филм е внимателно креирано од страна на наградуваниот сценарист Мет Гринхалг, со цел да ги поттикне корисниците да можат да се изразат и мислат на креативен начин. Приказната е за патувањето на еден човек низ различни предели на Европа и неговата мисија да испорача еден мистериозен сребрен куфер и да го заштити по секоја цена, со помош од луѓето во секоја земја. Истовремено, режисерот Лет и неговиот тим ќе можат да бидат во контакт со корисниците од цела Европа, а креативните идеи и иницијативи на публиката ќе бидат инкорпорирани во продукцијата која ќе се реализира во 8 земји, а треба да заврши за период од само 30 дена.

Многу сум возбуден од идејата за вклучување на толку многу луѓе во ова креативно патување. Сметам дека ќе можеме да креираме нешто навистина уникатно и привлечно, и навистина гледам на овој проект како дел од следното поглавје од начинот на кој се создаваат филмовите“, вели Асгер Лет, сценаристот на филмот „Move on“.

Досега сум играл мистериозни ликови, но идејата да се игра лик на човек кој патува низ Европа не е само иницирана од режисерот, туку претставува вистински предизвик за мене којшто со нетрпение го очекувам“, вели Мадс Микелсен, главниот актер во филмот „Продолжи“.

Во суштина, „Move on “ е приказна за мисијата на еден човек да остане еден чекор понапред од остатокот на светот додека е во движење. Дојче Телеком е еден од најголемите провајдери на производи и услуги за мобилен интернет во Европа, одржувањето на луѓето во контакт е нешто за кое што Дојче Телеком знае многу. Имајќи го во предвид сценариото, техничките и комуникациските барањата за снимање филм на повеќе локации, како и можноста на корисниците да им се овозможи незборавно искуство во правењето на филм, го прави партнерството со Асгер и „Move on” природно и разбирливо.

Би можело да ве интересира:

Инфлуенсерката Нина Ред: „Нема шминка денес, ми откажа едното око“ „Едното око ми откажа, не сака да чуе за шминка, се ‘утепа’ од солзење со денови...
Александра Шијакоска со свршеникот гордо позира во креација на битолска дизајнерка: „Заедно го напра... „Минатата година не можев да присуствувам на настанот, но оваа година со задовол...
Сара Мејс и Димитар Атанасовски на егзотичен одмор во Египет - пејачката во топ форма по второто пор... „Само одмор, лето, море, коктели и детски насмевки - давај животе“, порачува Сар...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
10 eмотивни моменти од Златна Бубамара: Игор Џамбазов ја рецитираше „Т’га за југ“ за сите отселени (... Д-р Миодраг Врчакоски го снимаше настапот на својот син Раде, со грутка во срцет...
Браво! Детски хор од Хрватска ја пее „Мојата Македонија“ среде Загреб „'Мојата Македонија’ се пее со полн глас и во Хрватска. Голема благодарност до о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg