Нов, поинаков Шпаркасе кеш кредит

nov-poinakov-sparkase-kes-kredit-povekjeШпаркасе банка воведе нов вид ненаменски потрошувачки кредит кој нуди можност за поинаков начин на пресметување на каматната стапка. Новиот...


...кеш кредит им овозможува на корисниците  намалување на каматата преку користење на дополнителни производи на банката, Мастеркард картичка, пречекорување на лимитот на трансакциската сметка и е-банкарство.

На овој начин, корисникот сам ја прилагодува каматната стапка според своите потреби, во зависност од тоа кој производ ќе го одбере.

ШПАРКАСЕ КЕШ КРЕДИТОТ има фиксна каматна стапка за првите 2 години, максимален рок на отплата е 84 месеци, додека задолжително обезбедување е бескаматен депозит во висина од 30% од кредитот. Жиранти се обезбедуваат во зависност од износот на кредитот: до 300.000,00мкд без жиранти, од 300.001,00мкд – 450.000,00мкд еден жирант и од 450.001,00мкд – 600.000,00мкд  двајца жиранти.

“Со својот нов производ, Шпаркасе банка уште еднаш ја потврдува својата примарна определба да понуди атрактивни и издржливи решенија за финансиските потреби на своите и потенцијалните клиенти. Кеш кредитот е поинаков и атрактивен и по начинот на кој го промовираме: забавен, неконзервативен и неконвенционален во банкарската комуникација” -  вели Кристина Депо, одговорна за Маркетинг и комуникации во Банката.

Повеќе информации за условите на кредитот можат да се добијат во експозитурите на Шпаркасе Банка како и на нејзината веб страна.

Би можело да ве интересира:

Гените се чудо – 13 познати Македонци кои продолжиле по стапките на своите славни татковци Често велат дека „гените се чудо“ или дека „крушата под круша паѓа“. Во продолже...
Ивана (32) од Прилеп: „Ми дијагностицираа Хочкинов лимфом, ќе се борам со двете мали деца во раце - ... „Споделувам со вас една недела по операцијата, само затоа што баш тие што сподел...
Поранешниот ракометар Дарко Кондев стана јутјубер во САД – Ги тестира Американците колку знаат за Ма... Некогаш ги бранеше боите на Македонија во македонската ракометна репрезентација,...
Миа Костова со шеговита објава ја покажа трансформацијата на телото: „Бев како ’морж на плажа‘“ „Секогаш, секогаш кога ќе ми пишете дека сум баш убава курпничка, помислете на с...
Златко Јовановски креираше за најголемата мексиканска ѕвезда Талија: „Како дете ја гледав Росалинда,... „Креацијата на Талија е направена специјално за неа. Нејзиниот стилист дошол до ...
Тамара Тодевска заблеска во златен костим за прославата за 38-иот роденден Тамара Тодевска изгледа одлично во златниот костим што го избрала за прославата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg