Како изгледаат становите во Скопје Сити Тауер?

Денеска, Скопје сити тауер ги отвори вратите за медиумите. Беше презентиран современиот, европски тип на резиденцијални објекти, каде што станбените единици почнуваат веднаш над катовите наменети за деловни простории.

kako-izgledaat-stanovite-vo-skopje-siti-tauer-01

За првпат на пазарот на недвижнини во Македонија се појавува еден толку софистициран објект, како што е Скопје сити тауер. Оваа многукатница е објект што ја менува силуетата на градот Скопје. Градена е според највисоки стандарди, затоа што според Катина Сутоглу, архитектот од ССТ: „желбата на инвеститорот е купувачот да добие најдобар и најквалитетен производ, но и тимот вклучен во проектирањето и градењето на овој објект работеше со уверување дека домот е многу повеќе од тули и малтер“.

Во Скопје сити тауер се нудат неколку типови на станови: стан-студио, станови со една спална соба, со две спални соби и станови со три спални соби. На последното ниво пак се сместени луксузните „penthouse“ апартмани, што се карактеризираат со поголеми квадратури и поголема катна висина.

kako-izgledaat-stanovite-vo-skopje-siti-tauer-02

Катина Сутоглу која ја предводеше обиколката на објектот меѓу другото истакна дека: „Зградата ќе биде вселива во март 2014 година, а повеќе од две третини од становите веќе ги чекаат своите сопственици. Објектот нуди вкупно 140 станови, со 12 станбени единици на еден кат, а квадратурата на становите се движи од 47 до 148 метри квадратни. ССТ нуди помош од своите архитекти само за оние купувачи кои ќе се одлучат станот да го опремат преку партнерите на ССТ. Сутоглу додаде и дека „зградата располага со 4 современи „Тисен Круп“ лифтови кои нудат удобност, безбедност, прецизност, економичност и брзина, а се дизајнирани за најсовремените објекти во светот. Објектот е под континуираниот надзор, поткрепен со домар и обезбедување и е опремен со видео-домофонијата. Ова се гарантите за  целосна сигурност на домот, на животот на едно семејство, но и за деловното работење“, заврши Сутоглу.

kako-izgledaat-stanovite-vo-skopje-siti-tauer-04

Крсте Петров, еден од проектантите на ССТ истакна дека: „овој објект е граден со посебна љубов и беше голем предизвик за тимот на проектанти. Гледавме да ги запазиме сите актуелни светски стандарди во квалитет на градбата, естетиката беше посебен предизвик, а распоредот и конфорноста на становите си дојдоа сами по себе. Во објектот се вградени првокласни енергетско ефикасни материјали, а фасадата е целосно термоизолирана. Ѕидовите се од елементи кои ги задоволуваат условите за нискоенергетско домување со одлична топлинска и звучна изолација. Преградните ѕидови во становите се систем на ѕидови исполнет со термичка и звучна изолација. Како висококатница, запазени се посебни нормативи и прописи за градење, во однос на конструктивна и сеизмичка стабилност, како и за противпожарна заштита“.

kako-izgledaat-stanovite-vo-skopje-siti-tauer-03

kako-izgledaat-stanovite-vo-skopje-siti-tauer-05

kako-izgledaat-stanovite-vo-skopje-siti-tauer-06

Би можело да ве интересира:

Тијана Дапчевиќ со сопругот и синот на свадба во Скопје, друштво им правеа Тамара Тодевска и мајка и... „Сите сте убави и имате заразна насмевка“ – коментираат дел од следбениците на с...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Драгица од Скопје и Марк од Бејрут направија волшебна свадба во Либан: „180 Либанци учеа да играат П... „По свадбата во Скопје, на свадбата во Бејрут имаше само либански обичаи. Марк с...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Тина од Скопје со трогателна објава: „Бев дете, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и ја глед... „Бев дете, 3 години, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и секогаш вниман...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg