Собрани средствата од големата донаторска акција „Хуманоста е важна“ на Бимилк и Тинекс

Денес (10.03.2014) се заокружи големата донаторска акција на Бимилк и Тинекс под мотото „Хуманоста е важна“, од која за помош на децата и младите со посебни потреби се собраа 152.942,00 денари.

dobrani-sredstvata-od-golemata-donatorska-akcija-humanosta-e-vazna-na-bimilk-i-tineks-02

Собраните средства ќе бидат рамномерно искористени за купување на материјални средства и помагала за подобрување на животот на децата и младите со посебни потреби во Заводот за деца и млади “Топанско поле“ – Скопје и Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух “Кочо Рацин“ од Битола.

Акцијата која започна на 10.02.2014 и траеше сè до денес, овозможи од секое продадено Битолско трајно млеко во Тинекс маркетите низ целата држава (Битолско млеко 3,2%, Битолско млеко 2,8%, Битолско млеко со 10 витамини или Битолско light млеко 0,9%), да бидат издвојувани средства наменети за хуманитарна донација и тоа за јавни установи или ранлива категорија на граѓани.

dobrani-sredstvata-od-golemata-donatorska-akcija-humanosta-e-vazna-na-bimilk-i-tineks-01

Ова е уште една во редот на хуманитарните активности под платформата „Хуманоста е важна“, преку која Бимилк и Тинекс минатата година обезбедија средства за подобрување на животот на децата и младите во установите - ДСУ за рехабилитација и образование “Наум Охридски“ и  Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов“.

„Колку чинот на помагање го практикуваме во текот на целата година“ - е прашањето кое ги покрена двете домашни компании Бимилк и Тинекс за  почетокот на иницијатива која со текот на времето се повеќе ќе се проширува. Се работи за нов пристап кон прашањето за хуманоста и чинот на хуманост, а тоа е дека треба да бидеме хумани преку цела година.

„Како општествено одговорна компанија, како и досега така и понатаму, ќе бидеме насочени кон пронаоѓање начини за помош и решавање на проблемите во сите сегменти на нашето опкружување, особено за оние на кои им е најнеопходна нашата помош“ – истакна Полексена Ристеска, маркетинг менаџер на Бимилк за потребата од оваа хуманитарна активност.

Би можело да ве интересира:

Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Тамара на летување со децата во Грција – ги одведе во циркус, се возат на фотелја додека ги влече гл... Тамара Тодевска на една од фотографиите откри и дека на летување со нив е Марко ...
Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег...
Тамара Тодевска на викенд со децата во Маврово: Зимски лудории на Хана и Дарен Тамара Тодевска ужива во Маврово со своите две деца и споделува на Инстаграм как...
Уникатни имиња на децата на познатите Македонци: Гаиа, Кира, Киан Катарина Ивановска ја има ќерката Кира, Слаткар го крсти синот Моша, а Тони Зен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg