Нов ресторан на Мекиците од Стража во Гостивар!

Дали Мекиците од Стража се македонскиот Старбакс? После успешното отворање на ресторанот во Скопје, наскоро се отвора и нов ресторан во Гостивар!

nov-restoran-na-mekicite-od-straza-vo-gostivar-1.jpg

Третиот локал од омиленото место за појадок, ручек и вечера ќе се најде на најатрактивната локација во градот, пространо на 100 квадратни метри и во прекрасен ентериер, кој веќе стана препознатлив за брендот, со свој дел од ѕидовите резервиран за кралевите на блузот како ББ Кинг, Ерик Клептон, Бади Гај и др.

Музиката секако, ќе биде комбинација на џез и блуз како совршено надополнување на топлиот амбиент, нешто што веќе е заштитен знак на брендот.

Освен што посетителите ќе можат да уживаат во врвно подготвената храна, ќе можат да ги купат и новите производи на Мекиците од Стража – брашно под истоимениот бренд, како и свежите јајца - Златно јајце и јуфките - Златни Јуфки.

До крајот на оваа година, Мекиците од Стража планираат отворање на уште еден локал во Скопје, а потоа ќе се оди и во останатите градови во Македонија. Во наредните две години се планираат вкупно 10 локали, со што ќе се покрие домашниот пазар. Со ваквите планови, Мекиците од Стража во следните една до две години ќе отворат околу 80 до 100 нови работни места!

Постои и голем интерес од странски компании за партнерство со Мекиците од Стража и изнесување на брендот надвор од границите на државата како интернационален бренд.

Гостиварчани веќе ги подготвуваат сетилата за супер гурманско уживање, а има и зошто - Мекиците од Стража доаѓаат во градот!

nov-restoran-na-mekicite-od-straza-vo-gostivar-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Ресторан во Свети Николе е вистинска есенска бајка со тикви, суво цвеќе и сено (фото) Со доминација на портокалови нијанси и многу различни облици на тикви, овој лока...
Локал во близина на Демир Хисар со патки, лебеди, езерце и рурален амбиент е зелена оаза на мирот (ф... Со рурален шмек, среде прекрасна природа, далеку од градската врева... Овој лока...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Браво! Сара секои 4 години ја донира својата коса за заболените од рак и ги поттикнува и другите „Дали знаеш дека за изработка на само ЕДНА перика потребно е 10 до 15 жени да до...
Љубовта не знае за години: Кои познати дами од Македонија биле или се постари од своите партнери? Каролина Гочева, Калиопи, Сузана Турунџиева... На македонската јавна сцена ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg