Макпрогрес со брендот Винчини две децении испишува слатка приказна за сите генерации

Производите на Винчини може да се најдат на полиците во маркетите ширум светот, дури до Грендланд, Австралија и Северна Америка.

makprogres-so-brendot-vincini-dve-decenii-ispisuva-slatka-prikazna-za-site-generacii-005.jpg

“Светот падна на Винчини“ беше насловот што осамна во еден наш медиум по информацијата дека производите со голема брзина и леснотија ги освојуваат светските пазари. Духовито во текстот пишуваше: “Да знаат во Јужна Америка какви слатки се произведуваат во Македонија извесно е дека и тие ќе побараат каде е Виница на географската карта. Тоа е единствениот континент чии жители засега не ги вкусиле тортиците и ролатите „Винчини“, кои со  години се произведуваат во виничката фирма „Макпрогрес“. Успехот на овој македонски бренд кој се најде на светски пазари се должи на динамичниот развој во последните неколку години, храбрите менаџерски одлуки, како и трудот и  професионалноста на вработените.

Производите на Винчини се добро познатите слатки задоволства на сите генерации. Речиси и да не постои роденденска прослава, семеен излет или ужинка без вкусните тортици и колачиња на македонскиот бренд „Винчини“, производна линија на кондиторскиот лидер во Македонија и регионот - Макпрогрес.

makprogres-so-brendot-vincini-dve-decenii-ispisuva-slatka-prikazna-za-site-generacii-001.jpg

Макпрогрес минатата година одбележа 25 години постоење со титулата - Најголемата компанија во кондиторската индустрија со најголем извоз во преку 50 земји во светот!

Макпрогрес е успешен семеен бизнис, што поставува високо посакувани стандарди за квалитет во прехранбената индустрија. Денес, компанијата претставува дом и семејство на 550 вработени за кои не постојат граници во унапредување на вкусот и квалитетот на своите 350 производи поделени во 5 брендирани линии.

makprogres-so-brendot-vincini-dve-decenii-ispisuva-slatka-prikazna-za-site-generacii-003.jpg

Производите на Винчини може да се најдат на полиците во маркетите ширум светот, дури до Грендланд, Австралија и Северна Америка.

Иако во јавноста често се говори дека недоволно ги цениме македонските производи и попрво би купиле некој странски бренд, производите на „Винчини“ со квалитет и добра понуда го покажаа спротивното.

makprogres-so-brendot-vincini-dve-decenii-ispisuva-slatka-prikazna-za-site-generacii-002.jpg

Производите на Винчини се популарни кај сите генерации. Домаќинките на социјалните мрежи се фалат како ги усовршиле рецептите за подготовка на торти, благодарение на готовите кружни кори на Винчини. А тортините и ролатите ги заблажуваат возрасните на прослави, настани и пријателски собири.

makprogres-so-brendot-vincini-dve-decenii-ispisuva-slatka-prikazna-za-site-generacii-004.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонски доктори со впечатлив моден стил - Врвни професионалци кои се грижат за изгледот Иако изгледаат впечатливо во униформа, многу македонски доктори пленат и кога ќе...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Браво! Сара секои 4 години ја донира својата коса за заболените од рак и ги поттикнува и другите „Дали знаеш дека за изработка на само ЕДНА перика потребно е 10 до 15 жени да до...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Љубовта не знае за години: Кои познати дами од Македонија биле или се постари од своите партнери? Каролина Гочева, Калиопи, Сузана Турунџиева... На македонската јавна сцена ...
Бајковито запросување на Македонка во Париз со поглед на Ајфеловата кула - двајцата се од Ресен, тој... Костадин и Ерика се од Ресен, но животот ги однел на различни страни – неа во Ам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg