Уметник го разубавува Скопје со цртање на трансформатори (фото)
- Детали
- недела, 15 април 2018
Кога пеевме „Градот убав пак ќе никне“ веројатно сме замислувале нешто многу слично на она што го прави Давид Ристевски или Dreadpen.
Доколку неговиот прекар ви звучи познато многу веројатно е дека сте го забележале на некој од кутиите-трансформатори кои секојдневно ги одминуваме.
Само што дел од нив не се повеќе сиви туку разубавени со помош на имагинацијата на Dreadpen.
Тој е веб и графички дизајнер како и илустратор кој дизајнира и логоа. Неговите карактери се интересни, смешни, со нишка на хумор и многу живи бои, а уметникот веќе има „разубавено“ над 20 трансформатори.
Во секоја негова креација Dreadpen остава дел од своето срце во неа и тоа се забележува. Скопје, навистина, радост ти ќе бидеш.
Погледнете ги разубавените трансформатори на Dreadpen:
(О)Милена | Црнобело