Денес се слават светите Кузман и Дамјан, заштитници на лекарите - Што не треба да правите на овој ден?

Светите браќа целиот свој живот го посветиле на лекување на луѓето, а не барале ништо за возврат. Во синџири биле однесени кај римскиот цар кој требало да ги погуби, но откако го излекувале, браќата биле пуштени на слобода, а царот го примил христијанството како религија. Именден слават, Кузман, Кузе, Дамјан, Даме...

se-slavat-svetite-brakja-kozma-i-damjan-pomolete-se-za-zdravje-no-edna-rabota-ne-smeete-da-ja-pravite-01.jpg

На 14-ти ноември православните христијани ги слават светите браќа Козма (Кузман) и Дамјан. Се смета дека овие двајца светители биле браќа по раѓање, кои биле лекари и чудотворци и затоа се верува дека денес е денот кога треба да се помолиме за здравје.

Козма (Кузман) и Дамјан се сметаат за заштитници на лекарите и медицинските работници, а се верува дека на овој ден не треба непотребно да се излегува од домот, ниту да се вршат тешки работи.

Именден слават Кузман, Кузе, Дамјан, Даме...

se-slavat-svetite-brakja-kozma-i-damjan-pomolete-se-za-zdravje-no-edna-rabota-ne-smeete-da-ja-pravite-02_copy.jpg

Браќата рано останале без татко и биле одгледани од нивната мајка која била христијанка. Наследиле голем имот, кој го разделиле на христијаните, а целиот свој живот ги лекувале луѓето и не барале ништо за возврат, заради што ги нарекуваат и бесребреници.

Се верува дека овие браќа успевале да ги излекуваат луѓето и животните само со допир на раката, а од луѓето на кои им помогнале барале само да веруваат во Христа и неговото учење.

Браќата верувале дека на овој начин ја исполнуваат Христовата заповед: „Бесплатно примивте, бесплатно давајте!“

se-slavat-svetite-brakja-kozma-i-damjan-pomolete-se-za-zdravje-no-edna-rabota-ne-smeete-da-ja-pravite-03.jpg

За нивниот живот се врзуваат повеќе анегдоти. Првата е дека гонителите на христијаните ги однеле пред царот Карин во Рим, кој им наредил да се откажат од Христа и да принесат жртви на боговите.

Браќата успеале да му помогнат и да го излекуваат од болеста со која тој долго време се борел, по што тој ги пуштил да си одат, а и самиот го прифатил христијанството.

se-slavat-svetite-brakja-kozma-i-damjan-pomolete-se-za-zdravje-no-edna-rabota-ne-smeete-da-ja-pravite-04.jpg

Следната анегдота се врзува за нивното бесплатно лекување. Имено, Козма (Кузман) многу му се налутил на својот брат Дамјан, откако тој прифатил да земе како награда 3 јајца од некоја жена што ја лекувал, па му рекол дека не сака да бидат закопани заедно.

Дамјан, не ги зел јајцата како награда што ја излекувал жената, туку затоа што таа го заколнала со Пресвета Богородица да ги зем.

Се смета дека двајцата браќа починале во 284-та година, откако некој лекар, кој во минатото им бил учител, почнал да завидува на нивната слава и под изговор дека ќе им помогне да собираат лековити билки, ги однел во планината и ги убил со камења.

se-slavat-svetite-brakja-kozma-i-damjan-pomolete-se-za-zdravje-no-edna-rabota-ne-smeete-da-ja-pravite-05.jpg

Сепак, по нивната смрт браќата биле закопани заедно во местото Фереман, по божјо откровение.

Долго по нивната смрт се верувало дека браќата сè уште ги лекуваат луѓето и ќе им помогнат без да бараат нешто за возврат – единствено што треба е тој што е излекуван да покаже силна вера кон Христа.

se-slavat-svetite-brakja-kozma-i-damjan-pomolete-se-za-zdravje-no-edna-rabota-ne-smeete-da-ja-pravite-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Ева Нединковска: „Чекав ред во државна институција, се најдов во небрано и жена ми ‘тутна’ 50-денарк... „Чекам на шалтер. Носам само картичка, кеш во мене немам. Забележувам дека сите ...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Денес се слави Света Великомаченичка Варвара – Што треба, а што не треба да правите на овој ден? Најголема радост е ако на овој ден во домот на гости ви дојде мало дете. Што тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg