Браво! Марта Димоска е првата Македонка која учествувала во симулација на мисија на Марс, спонзорирана од НАСА (фото+видео)

Марта Димоска е првата жена, не само од Македонија, туку и од Балканот, која станала аналоген астронаут, односно личност која учествува во симулации за вселенски мисии. Марта беше дел од симулација на мисија на Марс која е финансирана од НАСА.

bravo-marta-dimoska-e-prvata-makedonka-koja-uchestvuvala-vo-simulacija-na-misija-na-mars-sponzorirana-od-nasa-foto-video-01.jpg

Марта Димоска откри дека станала првиот таканаречен аналоген астронаут од Македонија – личност која учествува во симулации на вселенски мисии со екипаж.

Младата Македонка беше дел од симулација на мисија на Марс во Северна Дакота, САД. Симулацијата, која е спонзорирана од НАСА, е како тренинг за идните вселенски мисии и ги подготвува астронаутите за предизвиците со коишто ќе се соочат.

За време на симулацијата, Марта носела скафандер, а сподели и видео на кое се гледа како изгледа дел од тренингот.

Марта сподели и фотографија со скафандерот, а во описот појаснува за што точно станува збор:

„Научниот офицер Мартина Димоска N.1403 на четвртиот сол на 'Марс' изведува ЕВА во скафандерот NDX-1 AT (меѓу нас познат како Blueberry)“.

За појаснување, едно деноноќие на Марс (кое трае 24 часа и 39 минути) се нарекува сол, додека ЕВА е кратенка од Extravehicular Activity, односно работа во скафандер надвор од вселенското летало.

„Против сите можности, Димоска стана првиот женски аналоген астронаут од Балканот, и првиот од земјите од поранешна Југославија, вклучувајќи ги соседите како Албанија, Косово и Бугарија“.

Марта истакнува дека конечно успеала во својата цел, по долгата битка жените да бидат сфатени сериозно кога станува збор за вселенски истражувања, без притоа да бидат критикувани за нивните хобија и активности во приватниот живот.

„Аналогните мисии се многу важни за вселенското истражување бидејќи на овој начин астронаутите тренираат за идните вселенски патувања. Тие нè подготвуваат за идните истражувања на астероидите, Месечината, Марс и многу подалеку.

Аналогните мисии имаат важна улога во решавањето проблеми за вселенското истражување. Не сите експерименти можат да бидат направени во вселената – нема доволно време, пари, опрема и работна сила“, пишува Марта.

Подвизите на Марта дефинитивно се за восхит и таа е доказ дека и жените заслужуваат поголемо признание во светот на науката.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Стефан Лазаров прави свадба со Марта - бели гулаби пред црква, традиционални обичаи: „По 7 години вр... „Во врска сме скоро 7 години. Се запознавме во 2016-та година, Марта беше сè ушт...
20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото... Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, н...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
„Скриениот скапоцен камен на Европа“: Според британскиот „Mirror“, Македонија е топ дестинација за 2... „Кога е во прашање туристичката посета на Европа, лесно можете да паднете во сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg