Жарко Димоски премиерно во Белград

Актерот, пејач и водител на ТВ емисијата „Џентлмен магазин” на 28 Октомври ќе ја доживее својата прва Белградска премиера во „Позориште на Теразијама”.

zharko-dimoski-premierno-vo-belgrad-01.jpg

Претставата „Црни Лептир” работена според текстот на Спасоја Ж. Миловановиќ, инспирирана од музиката на легендарната „ЈУ Група”, а во режија на Марко Јовичиќ, премиерно ќе биде изведена на 28 и 29 октомври во 19:30 часот.

Како што е најавено, претставата „Црна Лептир“ ќе биде спектакуларна по многу нешта. Станува збор за претстава со најмногу изведувачи до сега, а Жарко е првиот актер од Македонија што е поканет да гостува во тој театар. Ја изведува дупли- актерски ансамбл, а за време на тричасовната изведба, публиката ќе може да слушне 27 композиции од најдолговечниот рок бенд на овие простори, со гудачки оркестар, труби, саксофони, удиралки, џез и блуз елементи.

Милош Бранисављевиќ ги аранжираше песните на сосема нов начин кои се вклопуваат неверојатно во приказната, а кореографијата е на Милица Церовиќ која најави различни танцови стилови, сценски движења како на рокенрол забава, дури и кореографски бокс. Публиката првпат ќе може да го види филмското сценарио во театар, фрагментарна драматургија, четириесет и девет кратки сцени, а интересно е што главните актери мора да се пресоблечат 30 пати во текот на претставата.

Репризите на премиерата се најавени за 30 октомври, 5 и 6 ноември.

Димоски толкува една од главните улоги во претставата, и со нетрпение очекуваме да ја видиме неговата изведба.

Би можело да ве интересира:

Моќната претстава на битолските гимназијалци - крик за подобро општество Храбра и моќна претстава која руши општествени табоа и без страв ги критикува ан...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Новогодишна честитка од штипската четворка: Слатките бебиња во празнични костими со Дедо Мраз (фото) Штипската четворка, бебињата Михаил, Теодор, Ведран и нивната сестра Леонтина, ј...
Празнична фотосесија на актерот Жарко Димовски: „Нашиот прв Божиќ како семејство“ „Нашиот прв Божиќ како комплетно семејство. На сите ви посакуваме љубов и радост...
Миа Костова - бикини со висок струк, Мартија Станојковиќ - храбри модели: Kaкви костими за капење из... Топлите летни денови ги намамија познатите дами на плажа, а тие покажаа дека одл...
Конечно - новиот спот и песна на Антониа Гиговска: „Со бањарки во кадата ме креваа за да се гледам, ... „Ако ме прашате зошто оваа песна оди прва, не знам, меѓутоа она што го почувству...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg