Александар Динев (18), со солзи во очите: „На 14 години станав мета на сајбер булинг, беше ужасно, се затворив дома“

„Ми велеа дека сум дебел, ми велеа дека никој не ме сака, направија да не можам да спијам навечер и ме доведоа до степен на суицидни мисли“, гласи дел од потресната исповед на младиот Александар Динев, кој порачува дека мора да се говори гласно против сајбер насилниците.

aleksandar-dinev-18-so-solzi-vo-ochite-na-14-godini-stanav-meta-na-sajber-buling-beshe-uzhasno-se-zatvoriv-doma-01.jpg

Александар Динев (18) е еден од нашите најпознати тиктокери, кој сега проговори отворено на многу важна тема, која засега многумина.

Со солзи во очите тој искрено проговори дека бил жртва на сајбер булинг и како неговата битка започнала пред 4 години, кога имал 14 години и започнал да снима видеа за на социјалните мрежи.

Откри дека добивал погрдни коментари за изгледот, закани по живот и ужасни коментари од типот „Никој не те сака“ кој го држеле буден длабоко во ноќта.

На неговиот Инстаграм профил го објави видето каде искрено говори за негативните коментари и сајбер булингот, кој во еден миг го довел дури и до суицидни мисли.

Во описот на видеото пишува:

„Во моментот кога гласно зборуваш за твоето искуство со сајбер булингот престанува теророт од насилството кое ти го нанел сајбер насилникот. Токму тој момент од жртва стануваш преживеан и си дел од движењето Сајбер жртви, кое јас и Меѓународното училиште НОВА заедно го започнуваме и сакаме да стигнеме до 1000 жртви помалку од сајбер булинг.

Затоа те охрабруваме да ја споделиш приказната во било која форма и да ти одговара, со цел подигање на свеста на сите оние кои се жртви и/или злосторници на сајбер булингот.
На овој начин сите се движиме, еден по еден со ИЛЈАДА ЖРТВИ ПОМАЛКУ!“

Слушнете ја неговата приказна:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Александар Белов по поплавите во Крагуевац: „Гаражата ни се наполни со вода, ја чистевме до доцна во... „На нашата улица, која е како удолница, буквално течеше река. Водата се задржува...
Ќерката на Александар Митевски слави матура: „Биди среќна и успешна“ Пет години откако правеше матурска прослава за ќерката Ања, Александар Митевски ...
Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...
Љубовта не знае за години: Кои познати дами од Македонија биле или се постари од своите партнери? Каролина Гочева, Калиопи, Сузана Турунџиева... На македонската јавна сцена ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg