Браво! По Негорци, и училиште во Охрид испиша скали со чести литературни грешки и народни поговорки

Сега учениците нема шанси да не запомнат дека свидителство, тромесечие и фрекфенција не се точни зборови, а и добро ќе ги запомнат и народните поговорки како „Без мака нема наука“. Сакаме креативни и посветени наставници, секоја чест за потегот!

bravo-po-negorci-i-uchilishte-vo-ohrid-so-skali-so-chesti-literaturni-greshki-01.jpg

Лекторката Марија Лозаноска која стои зад Инстаграм профилот „Лекторката“ сподели фотографии од средното училиште „Св. Наум Охридски“ од Охрид и го пофали потегот на наставниците кои на скалите да ги испишале најчестите литературни грешки кои ги прават учениците, а до нив и правилната форма.

На други скали пак испишаа народни поговорки и мудрости.

Ако секој ден го гледате ова, нема шанси да не запомните, зарем не?

Браво за креативниот потег! Ваков тип на скали пред извесен период видовме и во училиште во гевгелиското село Негорци.

bravo-po-negorci-i-uchilishte-vo-ohrid-so-skali-so-chesti-literaturni-greshki-02.jpg

Марија за овој потег напиша:

„Еден огромен аплауз за учениците и нивните професорки по македонски јазик од средното училиште ,,Св. Наум Охридски" од Охрид!

Овие проекти се толку лесни за правење и практични за секојдневно потсетување, но се од огромна важност за македонскиот јазик.

Младината е таа која ќе ни го продолжи јазикот, па ајде да ја научиме како се прави тоа.

Благодарам за испратените фотографии.“

https://www.instagram.com/p/Cly1fDJsvUy/

bravo-po-negorci-i-uchilishte-vo-ohrid-so-skali-so-chesti-literaturni-greshki-04.jpg

bravo-po-negorci-i-uchilishte-vo-ohrid-so-skali-so-chesti-literaturni-greshki-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мешана салата - 340 денари, шопска - 360 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2023-та? Во Охрид годинава во еден ресторан мешаната салата чини 340 денари, а шопската 3...
Пар од САД е воодушевен од посетата на Македонија: „Охрид во есен е прекрасен, земјава е мало парче ... „Ова е мало парче рај, скриениот бисер на Европа“ – млад американски пар е вооду...
Дац со емотивни фотки му го честиташе роденденот на синот Јаков, кој сега и самиот е татко „Среќен роденден Јаков“, напиша Драган Спасов - Дац и објави две емотивни фотки ...
Ламбе и Врчак по многу години повторно заедно, пееја на свадба на заеднички пријател во Охрид (видео... „Моите молитви се остварија. Фала ти Боже вчера тоа ми се потврди. Верувам дека ...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg