Да ги поддржиме Лара, Ирина и Јован на Детска Евровизија 2022 - Гласањето е бесплатно и веќе е во тек!

Попладнево во 15.59 часот завршува гласањето за победникот на Детската Евровизија 2022. Гласањето е бесплатно, а  погледнете како можете да ги поддржите нашите претставници и да им помогнете да постигнат што е можно подобри резулатити.

da-gi-poddrzhime-lara-irina-i-jovan-na-detska-evrovizija-2022-glasanjeto-e-besplatno-i-vekje-e-vo-tek-01.jpg

Веќе е во тек гласањето за победник на Детската Евровизија. Треба да изберете 3 омилени песни, но исто така можете да гласате и за сопствената држава.

Гласањето е бесплатно, а од еден уред можете тоа да го направите безброј пати. Сè што треба да направите е да ја посетите веб страната www.jesc.tv да го изгледате краткиот преглед на годинешните претставници, кој трае околу 4 минути и да гласате за трите земји што најмногу ви оставија впечаток.

Преносот од Детската Евровизија 2022 ќе имате можност да го проследите и на програмата на МРТ со почеток од 16.00 часот попладне, а за Лара, Ирена и Јован ќе можете да гласате и 15 минути по завршувањето на изведбата на последната композиција, на истата веб страна.

Резултатите се добиваат како комбинација од онлајн гласовите на интернационалната публика (50% од вкупните бодови) и поените од професионалните жирија (50% од вкупните бодови)!

За потсетување, годинава Детска Евровизија 2022 се оддржува во Eреван, Ерменија, а наши претставници се ќерката на нашиот виртуоз на пијано Симон Трпчески, Лара, како и Ирина и Јован.

Тие на сцената во Јереван ќе ја изведат песната „Животот пред мене“.

Погледнете го спотот за песната:

Прочитајте и Фотки од првата проба на Лара, Јован и Ирина на Детската Евровизија 2022 во Ерменија

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јован Јованов ужива во Куба – да одмори од студената Канада (фото) Кога не е работно ангажиран во Канада и не е на посета во родната Македонија, Јо...
Денес се слави Свети Јован Златоуст – што треба да направите? Свети Јован Златоуст бил еден од најучените свештеници, па се верува дека денес ...
„Дај на сунце“ – Новата песна на Каролина Гочева за еден час по објавувањето ја освои публиката „Магична како и секогаш“ – стои во дел од коментарите под новиот видео спот на К...
Иван Јованов, по врската со Антониа Гиговска, очекува дете со новата девојка - направи забава за отк... Иван Јованов, вокалистот од „Либеро Бенд“ ја изненади јавноста со веста дека има...
Ламбе и Врчак по многу години повторно заедно, пееја на свадба на заеднички пријател во Охрид (видео... „Моите молитви се остварија. Фала ти Боже вчера тоа ми се потврди. Верувам дека ...
Конечно - новиот спот и песна на Антониа Гиговска: „Со бањарки во кадата ме креваа за да се гледам, ... „Ако ме прашате зошто оваа песна оди прва, не знам, меѓутоа она што го почувству...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg