Спектакуларно запросување на девојка од Скопје на Поларна светлина во Лапонија (фото)

„Првите два дена вееше снег, но третата вечер само што влеговме во сместувањето се вклучи алармот дека се појавила Поларната светлина и во паника Марина некако излезе прва, па јас во тој миг се снајдов и успеав да го земам прстенот...“, споделува Александар Стојановиќ (30) од Скопје за запросувањето на својата саканата во Лапонија, Финска.

spektakularno-zaprosuvanje-na-devojka-od-skopje-na-polarna-svetlina-vo-laponija-foto-01.jpg

По 10 години и 10 месеци врска, Александар Стојановиќ (30) од Скопје ја запроси својата партнерка Марина Стратрова (30) од Скопје, за време на нивното патување на Северниот Пол во Лапонија, Финска додека на небото се гледаше спектакуларната Поларна светлина.

spektakularno-zaprosuvanje-na-devojka-od-skopje-na-polarna-svetlina-vo-laponija-foto-05.jpg

Лапонија е најголемиот и најсеверниот регион во Финска, а Поларна светлина e природна појава на светлина на небото, особено во поларните региони, предизвикана од судирот на наелектризираните честички под влијание на магнетното поле на Земјата.

spektakularno-zaprosuvanje-na-devojka-od-skopje-na-polarna-svetlina-vo-laponija-foto-04.jpg

На Северниот Пол овој ефект е познат како Аурора Бореалис (или Северна светлина).

За запросувањето Александар директно од Лапонија, открива за CRNOBELO.com:

„На ова патување сакавме да одиме уште пред короната, но поради рестрикциите не можевме.

Исто така имав план целиот настан да биде додека има Поларна (северна) светлина, позната како Аурора Бореалис.

spektakularno-zaprosuvanje-na-devojka-od-skopje-na-polarna-svetlina-vo-laponija-foto-07.jpg

Но, кога стигнавме, два дена не престануваше да врне снег. За среќа, третиот ден небото беше чисто и преку ден се појави Поларната светлина.

Вечерта само што влеговме во сместувањето се вклучи алармот дека се појавила Поларната светлина повторно и во паника Марина некако излезе прва, па јас во тој миг се снајдов и успеав да го земам прстенот.

spektakularno-zaprosuvanje-na-devojka-od-skopje-na-polarna-svetlina-vo-laponija-foto-06.jpg

Отидовме во блиската шума за поубаво да го видиме небото и додека гледавме и Марина беше пред мене најдов можност и клекнав и тогаш ја запросив.“

spektakularno-zaprosuvanje-na-devojka-od-skopje-na-polarna-svetlina-vo-laponija-foto-03.jpg

spektakularno-zaprosuvanje-na-devojka-od-skopje-na-polarna-svetlina-vo-laponija-foto-02.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дечко од Тетово ја запроси саканата на крузер додека крстареа низ Италија, Шпанија и Франција (фото) „Запросувањето беше за време на нашето крстарење од 8 дена каде ги посетивме Ита...
Марија од Скопје е уникатна и кул матурантка со фустан со впечатлив крој и бисери „Фустанот што го носев на прославата за матура е инспириран од модел од ревијата...
Бакнежи во образ на Водно: Дали Тамара Тодевска е повторно вљубена? (фото) Тамара Тодевска во последно време изгледа навистина среќно и задоволно, дали Лук...
Иван Јованов, по врската со Антониа Гиговска, очекува дете со новата девојка - направи забава за отк... Иван Јованов, вокалистот од „Либеро Бенд“ ја изненади јавноста со веста дека има...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Браво: Македонски средношколци добија 3 бронзени медали на Интернационална олимпијада по хемија Петар Мирчевски од Прилеп, Марио Ванчоски од Штип и Филип Бојаџиевски од Скопје ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg