Виктор Апостоловски: „Подготвуваме свадба на лето, љубовта си ја пронајдов во мојот град“

„Нашата љубовна приказна започна пред околу 3 години. Кога првпат бевме на кафе, јас бев пејач со договорени настапи, настани и натпревари низ цела Европа, а таа беше студент на високата медицинска школа во Битола. И двајцата не планиравме да имаме ништо сериозно, ама ете испадна дека животот имал поубави планови за нас...“, раскажува Виктор Апостоловски за CRNOBELO.com за саканата Милена.

viktor-apostolovski-podgotvuvame-svadba-na-leto-ljubovta-si-ja-pronajdov-vo-mojot-grad-01.jpg

Пејачот Виктор Апостоловски ја запроси саканата Милена Доневска во јануари 2023, за време на нивното патување во Истанбул, а сега парот подготвува свадба.

Проговоривме со него околу плановите за свадбата, но и кој е поангажиран.

Виктор за CRNOBELO.com вели:

„Нашата љубовна приказна започна пред околу 3 години. 

Кога првпат бевме на кафе, јас бев пејач со договорени настапи, настани и натпревари низ цела Европа, а таа беше студент на високата медицинска школа во Битола.

viktor-apostolovski-podgotvuvame-svadba-na-leto-ljubovta-si-ja-pronajdov-vo-mojot-grad-03.jpg

И двајцата не планиравме да имаме ништо сериозно, ама ете испадна дека животот имал поубави планови за нас.

И еве, 3 години подоцна, таа веќе работи како медицинска сестра, а јас си ја пејам старата песна, но со нова инспирација. Интересен е животот, долго време мислев дека среќата ми е таму некаде, во светот, а таа да ти била тука, во мојот град.

viktor-apostolovski-podgotvuvame-svadba-na-leto-ljubovta-si-ja-pronajdov-vo-mojot-grad-04.jpg

Подготовките за свадбата започнаа по враќањето од Истанбул, каде што ја запросив.

viktor-apostolovski-podgotvuvame-svadba-na-leto-ljubovta-si-ja-pronajdov-vo-mojot-grad-06.jpg

Направивме веридба, па потоа почнавме да размислуваме за останатото. Фала Богу, поради професијата ги познавам скоро сите што ни требаат, така што договарањето ни оди релативно лесно.

Првично планиравме да ја направиме свадбата на денот на годишнината на моите родители – 9-ти септември, за да ни остане како традиција, ама потоа размислувавме и сфативме дека всушност септември е некако далеку.

viktor-apostolovski-podgotvuvame-svadba-na-leto-ljubovta-si-ja-pronajdov-vo-mojot-grad-02.jpg

Колку подалеку настанот, толку подолго време ќе се малтретираш со подготовки. Така што решивме да ја направиме порано во текот на летото.

Сè уште не е се 100% дефинирано, ама битно ќе биде во Битола. Инаку нормално, невестата е секогаш поангажирана бидејќи има многу повеќе работи на кои треба да посвети внимание, шминка, фризура, фустан итн. Мажите обично се спремаат во последен момент.“

viktor-apostolovski-podgotvuvame-svadba-na-leto-ljubovta-si-ja-pronajdov-vo-mojot-grad-05.jpg

Прочитајте и Пејачот Виктор Апостоловски ја запроси саканата во Истанбул: „Доста време ерген одев!“ (видео)

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се ожени Виктор Апостоловски – Со олдтајмер и црвени рози отиде по саканата, а за CRNOBELO откри дет... „Еднаш се женам“, вели за CRNOBELO.com пејачот Виктор Апостоловски, кој денес во...
Виктор Апостоловски за родниот град: „Битола е град со душа, 99% од сите парови тука прво се виделе ... „Неизбежен дел од Битола е Широк Сокак. Тука има спомени, приказни, крај немаат....
Перо Антиќ се санка со синовите, Антониа Гиговска секси во црна тантела: Што прават македонските ѕве... Снегот на планините ги измами Македонците, па Викторија Лоба откри дека е на ски...
Каде се и како изгледаат денес учесниците на првиот „Македонски идол?“ Некои од учесниците во шоуто денес имаат успешна музичка кариера, некои ја смени...
Викторија Лоба неодолива во црно монокини – Ужива на плажа и го покажа совршеното тело (видео) Со пуштена долга коса и во смело монокини Викторија Лоба мами воздишки на Инстаг...
Андријана Јаневска на полициски мотор во Италија, Викторија Лоба со сопругот на море – Што прават ма... Минатиот продолжен викенд голем број од македонските ѕвезди го искористија да за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg