Меѓународниот аеродром во Скопје е прогласен за еден од најпријатните во светот - во кои други категории доби награда?

Во избор од околу 400 аеродроми ширум светот, аеродромот во Скопје беше прогласен за еден од најдобрите аеродроми со 2 до 5 милиони патници годишно. Истовремено, аеродромот е прогласен и за еден од најчистите и еден од најпријатните.

megjunarodniot-aerodrom-vo-skopje-e-proglasen-za-eden-od-najprijatnite-vo-svetot-vo-koi-drugi-kategorii-dobi-nagrada-01.jpgфото: Инстаграм

Во понеделникот, 6-ти март, беа прогласени победниците за Airport Service Quality Awards - награди и признанија кои се доделуваат од 2006 година на најдобрите аеродроми во светот.

Наградите се фокусираат на услугите и условите што ги нудат аеродромите.

Предвид се земаат околу 400 аеродроми од 95 држави, а годинава во скоро сите од категориите се најде и аеродромот во Скопје.

Вкупно 75 аеродроми добија награда во неколку категории како најдобри аеродроми со над 40 милиони патници годишно и аеродроми со најпосветени вработени.

Меѓународниот аеродром во Скопје се најде на листата на „Најпријатни аеродроми ширум светот“.

Според официјалниот веб-сајт на наградите, на оваа листа се наоѓаат само 5% од аеродромите кои се истакнуваат со услугите како ресторани и продавници. Истовремено, ова се аеродромите на кои патниците се чувствувале најпријатно и најудобно.

Покрај аеродромот во Скопје, на листата се наоѓаат и други европски аеродроми, вклучувајќи го Никола Тесла во Белград, Roma-Fiumicino во Италија и Bergamo во Милано.

Иако обично чистотата не е најсилната страна кај нас, скопскиот аеродром се најде и на листата на „Најчисти аеродроми“. Овде спаѓаат 5% од аеродромите ширум светот кои се истакнуваат со нивото на хигиена.

Европските аеродроми доминираат и во оваа категорија, па покрај скопскиот, на листа се наоѓаат аеродромот во Истанбул, како и Roma Fiumuicino во Италија.

Меѓународниот аеродром во Скопје доби и награда во категоријата „Најлесно движење низ аеродромот“.

На оваа листа се наоѓаат 5% од аеродромите низ кои на патниците им било наједноставно да се снајдат.

И овојпат, на листата доминираат европските аеродроми.

Аеродромот во Скопје е и еден од најдобрите аеродроми во светот со 2 до 5 милиони патници годишно.

Аеродромот доби награда и за „Најпосветени вработени“ – категорија која се фокусира на односот на вработените кон патниците.

Целата листа со победниците од секоја категорија можете да ја погледнете ТУКА.

Спирова С. | Црнобело

 

Би можело да ве интересира:

Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Браво: Македонски средношколци добија 3 бронзени медали на Интернационална олимпијада по хемија Петар Мирчевски од Прилеп, Марио Ванчоски од Штип и Филип Бојаџиевски од Скопје ...
Тројца доктори со златно срце се Мажи на годината 2023 „На почетокот на годината добивме Златна Бубамара и таа награда му ја посветивме...
Американец што го обожава Балканот дојде во Скопје и пееше песна од Тоше: „Ако сте од Македонија, ов... Браво! Американецот Џастис Рид, кој во 2022-ра ја испеа „Црно и бело“ од Калиопи...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Тијана Дапчевиќ во кул стајлинг во Скопје со специфични чорапи, по забавата со колегите од „Преспав“ Тијана Дапчевиќ повторно го привлече вниманието со својот специфичен моден стил,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg