10 гангстерски филмови кои мора да ги изгледате (и ќе ве држат во неизвесност до крај)

Gangs of New York

Дејството на Gangs of New York е сместено во поодамнешно време, односно во 1860-тите.

Филмот се фокусира на бандите и гангстерите во Њујорк, во област каде што доминираат криминалот, проституцијата, кражбите и убиствата.

И ова е филм на Мартин Скорсезе, а во главните улоги ги гледаме Леонардо ди Каприо, Камерон Диаз и Даниел Деј-Луис.

A History of Violence

Главниот лик е Том – сопственик на локален ресторан.

Сосема случајно, преку ноќ, тој станува херој во неговиот град откако ги спасува гостите во ресторанот од вооружен грабеж.

Набрзо потоа, го посетува гангстер кој, од некоја причина, сака да му се одмазди.

The Usual Suspects

The Usual Suspects е еден од најдобрите филмови од својот жанр, со дејство кое не е секогаш линеарно.

Група агенти испрашуваат неколку криминалци, додека се обидуваат да го фатат Кајзер Созе – мистериозен гангстер за кој многумина мислат дека не ни постои.

Snatch

Забавен крими филм (кој граничи со комедија) во режија на Гај Ричи, но и со одлична актерска екипа како Џејсон Стејтам и Бред Пит.

Филмот има две дејства – едно фокусирано на група криминалци кои трагаат по украден дијамант, додека другото раскажува за маж кој „се вработува“ кај гангстер и мора да извршува разни насилни злодела.

Трилогијата Godfather

Филмската трилогија, но и книгите, до денес се репер за тоа како треба да изгледа добра мафијашка приказна.

Во режија на Френсис Форд Копола, филмот се фокусира на Вито Корлеоне – гангстер од Њујорк кој планира да му ја предаде својата империја на најмалиот син.

Но, многу работи не одат по план.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg