Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак?

На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаците дефинитивно ќе уживаат во The Others.

koj-mornichav-film-da-go-izgledate-vikendov-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Можеби кај нас Ноќта на вештерките не е популарен празник, но факт е дека скоро сите сакаме да изгледаме по некој хорор во овој период.

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак?

Овен: The Cabin in the Woods

Група пријатели одат во колиба во шума, но набрзо забавното патување им се претвора во вистински хорор откако неколку од нив се убиени.

Иако на почетокот приказната звучи клише за овој жанр, пресвртот во филмот е нешто што сигурно нема да го очекувате.

Бик: Practical Magic

Забавен филм за две сестри кои по смртта на нивните родители живеат со нивните тетки.

Сестрите потекнуваат од семејство вештерки и ги користат своите моќи да се справат со заканите со коишто се соочуваат.

Близнаци: The Others

Психолошки хорор со Никол Кидман во главната улога со пресврт што ќе го мислите со денови.

Главниот лик е мајка чии две деца имаат мистериозна болест поради која не можат да бидат изложени на сончева светлина.

По неколку чудни настани, мајката станува убедена дека куќата во којашто живеат е опседната.

Рак: Coraline

Иако станува збор за анимиран филм, Coraline изобилува со морничави сцени.

Главниот лик е мало девојче кое открива тајна врата во нејзиниот нов дом и наоѓа совршена верзија од нејзините родители.

Но, набрзо сфаќа дека овие совршени родители имаат мрачна тајна.

Лав: Interview with the Vampire

Филм чие дејство се простира низ неколку векови и ја раскажува животната приказна на еден вампир.

Покрај Бред Пит и Том Круз, во филмот ја гледаме и Кирстен Данст која глуми девојче кое е претворено во вампир и е присилено да го помине животот во тело на дете.

Девица: The Sixth Sense

Главниот лик е мало дете кое има способност да гледа мртви луѓе.

Детето пробува да се справи со хоророт што го гледа секојдневно со помош од психијатар кој и самиот има низа проблеми.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 филмови со непредвидливи пресврти што добро ќе ве замислат На прв поглед, The Cabin in the Woods изгледа како секој класичен тинејџерски хо...
10 психолошки трилери за кои ќе размислувате со денови откако ќе ги изгледате Ако сакате приказни за сериски убијци, изгледајте го Zodiac – филм инспириран од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg