Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак?

Вага: Sweeny Todd: The Demon Barber of Fleet Street

Главниот лик е бербер кој по многу години се враќа во Лондон со една мисија – да го најде мажот одговорен за смртта на неговата сопруга.

За да ја постигне целта, берберот ги убива сите негови муштерии.

Скорпија: Rosemary’s Baby

Иако станува збор за постар филм, Rosemary’s Baby е ништо помалку од застрашувачки.

Млада девојка и нејзиниот сопруг се вселуваат во нов дом. Но, штом таа останува бремена, почнуваат да ѝ се случуваат навистина морничави работи.

Стрелец: Hosuc Pocus

Забавен филм кој одлично ја доловува атмосферата на Ноќта на вештерките.

Неколку деца случајно „оживуваат“ три вештерки кои почнуваат да ги тероризираат жителите на градот Сејлем.

Јарец: The Shining

Снимен според истоимената книга на Стивен Кинг, The Shining е веќе култен филм од овој жанр.

Главните ликови се брачен пар и нивното дете кои треба да ја поминат зимата во празен хотел.

Но, набрзо детето почнува да гледа чудни работи, додека мажот се чини дека полудува.

Водолија: Sleepy Hollow

Во мало гратче, неколку луѓе се сурово обезглавени, а млад маж е на мисија да ги реши убиствата.

Но, набрзо сфаќа дека треба да се соочи со нешто натприродно – таканаречениот безглав јавач.

Риби: The Babadook

Шест години по смртта на сопругот, жена треба сама да се грижи за нејзиниот 6-годишен проблематичен син.

Една вечер таа му чита приказна од морничава сликовница, по што детето станува убедено дека чудовиштето од приказната е во нивнот дом и сака да ги убие.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 филмови со непредвидливи пресврти што добро ќе ве замислат На прв поглед, The Cabin in the Woods изгледа како секој класичен тинејџерски хо...
10 психолошки трилери за кои ќе размислувате со денови откако ќе ги изгледате Ако сакате приказни за сериски убијци, изгледајте го Zodiac – филм инспириран од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg