Филмски премиери кои со нетрпение ги очекуваме во 2024-та

Land of Bad (16-ти февруари)

Главните ликови се неколку војници чија мисија тргнува во погрешна насока и се претвора во операција за спасување.

Филмот има одлична актерка екипа која ја сочинуваат Расел Кроу, Лиам Хемсворт и Крис Хемсворт.

Dune: Part Two (1-ви март)

Годинава конечно ќе имаме можност да го погледнеме долгоочекуваното продолжение на Dune.

Вториот дел продолжува веднаш каде што заврши првиот и ја продолжува сагата на Пол, неговата мајка, но и луѓето кои живеат на пустинската планета.

Kung Fu Panda 4 (8-ми март)

Четврто продолжение на забавниот анимиран филм за панда мечката која е кунг фу борец.

Откако станува духовен водич, тој мора да најде и да тренира нов воин достоен за титулата што ја носеше самиот.

Ghostbusters: Frozen Empire (22-ри март)

Уште едно продолжение на популарна филмска франшиза.

Во новиот филм ги гледаме истите ликови од Ghostbusters: Afterlife кои овој пат се здружуваат со оригиналните „ловци на духови“ во Њујорк и пробуваат да го спасат светот.

Godzilla x Kоng: The New Empire (29-ти март)

Во новиот филм за најпознатите чудовишта во светот на филмовите, Годзила и Кинг Конг ќе треба да се соочат со закана која може да значи крај за нив, но и и за човештвото.

Истовремено, филмот ќе го истражува и потеклото на двете чудовишта.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg