Филмови и серии кои ги надминаа книгите според кои се снимени

Sharp Objects

Истоимената книга е дело на Џилијан Флин – авторката на многу популарната Gone Girl.

Во серијата, главниот лик е крими новинарка која пробува да го реши убиството на две мали девојчиња во нејзиниот роден град.

Dexter

Dexter е серија за која треба да одвоите многу време за гледање поради бројните епизоди, но приказната ќе ве држи во неизвеснот до самиот крај.

Главниот лик е Декстер, психопат и убиец кој работи како форензичар и убива само криминалци кои неговиот тим не може да ги фати.

Серијата е инспирирана од серијалот книги на авторот Џеф Линдзи.

The Handmaid’s Tale

Маргарет Атвуд е одлична писателка, но нејзината книга The Handimaid’s Tale ни приближно не ја доловува мрачноста на светот што го создала.

Дејството на серијата (и книгата) е сместено во иднина каде што жените повторно ги губат своите права.

Hannibal

Морничавата серија е снимена според книгите на Томас Харис за добро познатиот лик Ханибал Лектор, односно истите книги според кои е снимен и The Silence of the Lambs.

Главниот лик е Ханибал Лектор кој е психијатар, но потајно и канибалистички сериски убиец.

Good Omens

Истоимената книга е дело на единствените Нил Гајман и Тери Прачет и е презабавна.

Но, комичната серија е толку добро направена, што ќе ја изгледате во еден здив.

Главните ликови се демон и ангел кои се здружуваат за да го спречат доаѓањето на антихристот.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
10 психолошки трилери за кои ќе размислувате со денови откако ќе ги изгледате Ако сакате приказни за сериски убијци, изгледајте го Zodiac – филм инспириран од...
Со кој романтичен филм да се опуштите викендов, според хороскопскиот знак? Рибите ја ценат романтиката, но исто така сакаат и да мечтаат. Музичките секвенц...
10 филмови кои реално ги прикажуваат битките со сериозни болести The Father премногу реално ја прикажува битката со којашто се соочуваат луѓето с...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg