Филмови и серии кои ги надминаа книгите според кои се снимени

Книгата Good Omens е презабавна, но комичната серија ѝ дава посебен шарм на приказната за ангелот и демонот кои пробуваат да го спречат доаѓањето на антихристот.

filmovi-i-serii-koi-gi-nadminaa-knigite-spored-koi-se-snimeni-01.jpg

Дали е подобро да се прочита книгата, или да се изгледа филмот/серијата? Ова е вечна дебата помеѓу филмоманите и љубителите на пишаниот збор.

Нормално, ова е субјективна тема и на некои повеќе им се допаѓа книгата од филмот.

Но, за некои филмови и серии, повеќето гледачи и читатели се согласуваат дека адаптацијата дефинитивно ја надминала книгата.

Ова не значи дека книгата е лоша, туку филмовите и сериите ја пренеле приказната многу подобро.

Адаптации што ги надминаа книгите според кои се снимени:

The Shawshank Redemption

Филмот е снимен според новелата Rita Hayworth and the Shawshank Redemption на Стивен Кинг, а главните улоги им припаѓаат на Морган Фримен и Тим Робинс.

Робинс глуми банкар кој добива доживотна казна затвор за убиството на неговата сопруга и нејзиниот љубовник.

Во период од многу години, тој трпеливо го планира неговото бегство.

Bridget Jones's Diary

Со Рене Зелвегер во главната улога, филмовите за Бриџит Џонс се снимени според книгата на Хелен Филдинг која се смета за едно од првите „чик лит“ дела.

Книгата е напишана во форма на дневник и опфаќа една година од животот на Бриџит која е сингл жена во своите 30-ти.

А, филмот многу добро го доловува сето тоа.

American Psycho

Филмот е снимен според истоимената книга на Бред Истон Елис и главниот лик го глуми Кристијан Бејл.

Ликот на Бејл е богат банкар кој ја крие својата психопатска страна од неговите пријатели.

A Clockwork Orange

Книгата на Ентони Бурџис е ништо помалку од вознемирувачка, но филмот во режија на Стенли Кјубрик ја прави приказната уште позастрашувачка.

Главниот лик е Алекс, деликвент кој е во затвор за убиство и силување. Со цел да си ја намали казната, тој волонтира за експериментална терапија која би требало да го „излечи“ од психопатските нагони.

Arrival

Филмот е снимен според новелата Story of Your Life која има добиено неколку престижни награди.

Но сепак, ремек-делото на Денис Вилнев, кој ги режираше и двете продолженија на Dune, е филм што треба да го изгледате и ако не сакате научна фантастика.

Главниот лик е лингвистка која добива задача да го преведе јазикот на вонземјани што ја посетуваат Земјата и стапуваат во контакт со луѓето.

На следната страница, серии што ги надминаа книгите според кои се снимени...



Би можело да ве интересира:

Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
10 психолошки трилери за кои ќе размислувате со денови откако ќе ги изгледате Ако сакате приказни за сериски убијци, изгледајте го Zodiac – филм инспириран од...
Со кој романтичен филм да се опуштите викендов, според хороскопскиот знак? Рибите ја ценат романтиката, но исто така сакаат и да мечтаат. Музичките секвенц...
10 филмови кои реално ги прикажуваат битките со сериозни болести The Father премногу реално ја прикажува битката со којашто се соочуваат луѓето с...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg