Викенд предлог: Филмови кои ќе ве држат во неизвесност до самиот крај

Веројатно ќе се согласите дека нема подобро чувство додека гледате филм како непрестајната возбуда која завршува со чудење и воодушевување.

vikend-predlog-filmovi-koi-kje-ve-drzat-vo-neizvesnost-do-samiot-kraj-01.jpg

Таквите филмови ве тераат одново и одново да ги гледате и постојано да се прашувате, дали пропуштив нешто?

Дали има уште нешто што се крие во сценариото?

Еве неколку такви филмови:

1. „Awake“

Клеј и Сем се вљубени еден во друг и ништо не може да ги уништи нивните емоции. Постои само едно нешто кое фрла сенка на нивниот живот – Клеј има срцева болест и мора да добие трансплантација на срце. Клеј е во операционата сала со најдобриот тим од доктори кои му ставаат анестезија на пациентот, но до заспивање не доаѓа – Клеј е буден...

2. „Limitless“

Која е тајната на успехот? Постојат низа одговори на тоа. Еди, неуспешен писател, добива можност да ја открие таа тајна на успехот, односно нов и навидум ефикасен начин како да го постигне тоа – да земе апче кое го тера мозокот да работи во полн капацитет. Сепак, тоа што наскоро ќе го открие е дека секој лек има свои несакани ефекти.

3. „State of Play“

Кал Мекафри, новинар, открива дека жена блиска на негов пријател од факултет, конгресменот Стивен Колинс, дека извршила самоубиство. Додека го испитува случајот, Кал дознава дека тоа е само синџир од многу настани кој вината ја насочува кон највисоко поставените политички фигури – кои секако, не сакаат некој да се меша во нивната работа.

4. „Contre-enquête“

Полицискиот капетан Ричард Малиновски страда по неговата 9-годишна ќерка која е пронајдена убиена. Виновникот наскоро е фатен и затворен, од каде тој пишува неколку писма до Малиновски. Го убедува дека тој е невин, па таткото кој е во жалост одлучува сам да го пронајде убиецот.

5. „Copycat“

Докторката Хелен Хадсон е специјалист во психологија на сериски убијци и еден ден полицијата бара од неа да им помогне да фатат манијак. По анализата на настаните, психологот открива дека убиецот ја следи нејзината книга за неговите убиства, а неговата крајна цел е да ја убие токму неа.

Уште 5 предлози на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Најдобрите празнични филмови на сите времиња, според IMDb Покрај Home Alone кој традиционално се наоѓа на сите вакви листи, кои се другите...
Браќата Манаки и уште 4 семејни тандеми што оставија голем белег во филмската индустрија Браќата Манаки се првите филмски сниматели на Балканот и, на некој начин, ги пос...
10 забавни филмови кои ќе ве однесат на авантура во топлите летни ноќи Ако сакате потрага по изгубени богатства, вреди да го изгледате Uncharted. Ако, ...
Филмови и серии кои ги надминаа книгите според кои се снимени Книгата Good Omens е презабавна, но комичната серија ѝ дава посебен шарм на прик...
Змејови, епски битки и суперхерои – Кои се најскапите серии на сите времиња? Веќе неколку години светските стриминг сервиси трошат цело богатство за снимање ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg