Задолжителна филмска лекција: 10 филмови со Мерил Стрип

Премногу тешко е да се одберат само 10 филмови со маестралната Мерил Стрип во главната улога. Таа едноставно е филмска божица, камелеон и поседува неверојатен, сестран, вонсериски талент.

Zadolzitelna-filmska-lekcija-10-filmovi-so-Meril-Strip-01.jpg

Со 3 Оскари 9 Златни глобуси на нејзините полици, квалитетните изведби на 67-годишната актерка се неоспорни, подеднакво признаени од публиката и од критичарите. Едноставно е невозможно да не ја сакате Мерип Стрип, па издвојте време за:

Mamma Mia!

Мјузикл со песните на популарната група АББА. Млада девојка која се подготвува за свадба се обидува да дознае кој е нејзиниот биолошки татко, па ги поканува трите најголеми љубови на нејзината мајка како гости на големиот ден.

The Iron Lady

Вистинска приказна за „железната дама“ Маргарет Тачер, прикажана од агол на најрана возраст до нејзиниот најголем подем – премиер на Велика Британија.

https://www.youtube.com/watch?v=h8cWavne9FU

Sophie's Choice

Софи е една од преживеаните од нацистички концентрационен логор вљубена во Нејтан, кој е опседнат со Холокаустот. Тие набрзо ќе се спријателат со нараторот на приказната Стинго, кој е млад американски автор, но нивното пријателство започнува да добива поинаков тек.

Kramer vs. Kramer

Брачен пар доживува криза и жената решава да го напушти. Но, синот останува со таткото. Нивната адаптација е прекината со враќањето на мајката која го сака синот назад. Започнува жестока сурова битка за старателство.

https://www.youtube.com/watch?v=3SP9n13ux1I

The Devil Wears Prada

Млада амбициозна девојка започнува да работи како личен асистент кај една од најмоќните издавачи на популарно модно списание. Животот одеднаш станува хаотичен, бидејќи шефицата е олицетворение на Ѓаволот со беспрекорен стил и премногу каприциозни барања.

https://www.youtube.com/watch?v=XTDSwAxlNhc

Doubt

Напнат, морничав студен филм за католичко училиште каде што се испитува природата на врската помеѓу свештеник и мало момче. Здружените милосрдни сестри започнуваат т.н. „лов на вештерки“ против харизматичниот свештеник во потрага по вистината. Но, која е вистината?

The Hours

Три приказни кои се испреплетуваат во една. Три жени, три различни периоди. Фикција која се меша со реалноста. Вирџинија Вулф, поврзаноста со една од нејзините најпознати приказни и како истата влијае на три генерации жени во различни временски периоди кои се соочуваат со самоубиство.

Florence Foster Jenkins

Вистинска приказна за богатата наследничка Флоренс Фостер Џенкинс која станува да стане позната оперска пејачка. За жал, нејзиното богатство не е нималку правопропорционално со талентот. Сепак, таа е упорна и има поддршка од саканиот.

Julie & Julia

Уште една автобиографска приказна за култната Џулија Чајлд. Таа е жената која ги научила американските домаќинки како да готват, преведувајќи куп француски рецепти во еден обемен готвач. Години подоцна една жена (аматерски готвач и писател) ќе реши да ги зготви сите рецепти од големиот француски готвач на Џулија Чајлд, а искуствата да ги сподели со читателите на блогот.

Death Becomes Her

Постар, но одличен филм исполнет со сатира и црн хумор. Ривалството помеѓу две пријателки ќе кулминира откако едната ќе ѝ го украде момчето на другата. Целиот нивен живот е натпревар за внимание, љубов и убавина. Работите почнуваат да одат во погрешна насока кога и двете ќе го откријат еликсирот на младоста и тајната за вечен живот.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 заплеткани филмови кои ќе ве натераат да размислувате Веќе култниот Blade Runner на Ридли Скот, но и уникатниот Stalker на рускиот реж...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg