Предлози за продолжен викенд - Филмови кои добро ќе ви го извртат умот

Stonehearst Asylum (2014)

Штотуку дипломиран од Оксфорд, д-р Едвард Њугејт пристигнува во душевно ментална болница со цел да специјализира во областа. Но, таму открива дека новите „револуционерни“ третмани се нехумани и прават многу повеќе од она што може да се види со голо око.

Mysterious Skin (2004)

Тинејџер кој е измамник и младо момче опседнато со киднапирања од страна на вонземјани се здружуваат и ја откриваат страшната, но истовремено ослободувачката вистина која ги опкружува во светот во којшто живеат.

The Door – Die Tur (2009)

Успешен уметник губи контрола врз својот живот по смртта на неговата ќерка. Се чини дека тој добива нова шанса во животот, но работите никогаш не се толку едноставни како што изгледаат.

Edge of Tomorrow (2014)

Војник кој се бори против вонземјани го преживува истиот ден одново и одново, а часовникот се ресетира во моментот кога настапува неговата смрт.

The Tall Man (2012)

Кога нејзиното дете ќе исчезне, Џулија ќе започне да ја отплеткува мистеријата која се врти околу „Високиот човек“, оној кој наводно е одговорен за киднапирањето на малите деца.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
10 заплеткани филмови кои ќе ве натераат да размислувате Веќе култниот Blade Runner на Ридли Скот, но и уникатниот Stalker на рускиот реж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg