Ќе останувате дома за Нова година? Предлог серии кои ќе ги изгледате во една ноќ

Да се остане дома за Нова година воопшто не е најтрагичното нешто коешто може да ви се случи. Напротив, избегнувајќи ги сите турканици, петарди и заштедувајќи пари, може да си имате одлична вечер во удобноста на сопствениот дом.

Predlog-serii-koi-ke-gi-izgledate-vo-edna-nokj-01.jpg

А оние коишто се зависни од добри серии најдобро ќе го сфатат ова. Ретко која забава може да се спореди со добра ТВ серија која ќе ве остави без сон.

Па доколку вашиот избор за пречекот на Новата година е дома и пижами, ние ви предлагаме 5 одлични серии кои ќе ги изгледате во еден здив:

La casa de papel (2017 – )

Апсолутен хит од шпанското говорно подрачје. Група криминалци во која има професионални ограбувачи, хакер и специјалист за фалсификување банкноти се собрани од страна на мистериозен водач кој себеси се нарекува „Професорот“.

Тие кројат детален и неверојатен план – да го ограбат трезорот каде што се печатат банкнотите.

Mozart in the Jungle (2014–2018)

Неверојатна серија со 4 сезони, чии епизоди од 30-тина минути ќе ги проголтате во еден здив. Долгогодишниот диригент на њујоршката филхармонија заминува во пензија, а на неговото место доаѓа брилијантниот диригент Родриго Де Суза. Тој е млад, ексцентричен, но многу талентиран.

Хејли Ратлиџ е млада обоистка која има една единствена цел во животот – да свири во њујоршката филхармонија.

My Brilliant Friend (2018 – )

Со една целосно завршена сезона и втората во подготовка, „Мојата генијална другарка“ е италијанска серија работена според истоимениот роман во неколку делови на Елена Феранте, италијанска писателка која го употребува ова име како псевдоним.

Елена и Лила се две другарки кои растат во суровото неаполскo соседство во Италија непосредно по Втората светска војна. Елена е најдобрата ученичка во одделението, но Лила, иако многу посиромашна и победна е сепак – брилијантна.

https://www.youtube.com/watch?v=PXCKYOlIgTQ

The Man in the High Castle (2015 – )

Серијата која се заснова на новелата на Филип К. Дик обработува особено интересна тема: како би изгледал светот доколку конечниот исход од Втората светска војна би бил поразличен од оној реалниот.

Во оваа дистописка иднина, САД се поделени во 3 делови, каде што еден дел е контролиран од страна на Јапонците, а друг од германските нацисти и тампон-зона помеѓу двете. И покрај опресијата, почнуваат да се појавуваат филмови на лента кои покажуваат еден сосема поинаков свет и нова надеж за поробените.

Endeavour (2012 – )

За сите љубители на Шерлок Холмс, ова е одлична замена и вистинската серија за вас. Британската драма зачинета со мистерија го следи Ендевор Морс, млад човек со одлично око за детали и талент за истражување, кој станува дел од полицијата и истражува низа злосторства во околината на Оксфорд во текот на ’60-тите години.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
„Епизодата кога сите загубивме пријател“: Најзабавните моменти од „Friends“ со засекогаш омилениот Ч... Забавната игра во која Чендлер и Џои го добиваат станот на Моника и Рејчел, но и...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg