8 цртани од Дизни што никогаш не беа довршени

Mort

Од Дизни сакале да ја екранизираат истоимената новела на Тери Пратчет. Приказната е за едно момче кое е одбрано од Смртта за да биде нејзин чирак. Но, за време на неговата прва задача момчето се вљубува и не си ја завршува обврската – нешто што ја менува историјата на настаните.

Проектот не бил реализиран од неколку причини. Најпрво, од Дизни се двоумеле за тоа да ја направат Смртта главен лик. Покрај тоа, правата за проектот се продавале во пакет, а од Дизни не сакале да ја купат целата франшиза.

Како и да е, ова звучи како навистина добра приказна.

8-filmovi-od-dizni-shto-nikogash-ne-bile-zavrsheni-06.jpg

Wild Life

Работата на овој анимиран филм почнала уште во 1990-тите, но проектот бил оставен во 2000-та.

Приказната била за престижен ноќен клуб кој барал нова ѕвезда. Тогаш на сцената се појавува слонот Ела од локалната зоолошка. За разлика од другите животни, таа може да зборува, но не верува во себе и во своите способности.

Сепак, таа успева да ја најде својата самодоверба и да стане позната поп ѕвезда.

Проблемот со филмот било тоа што повеќе не наликувал на детски. Имало премногу шеги за возрасни, па кога Рој Дизни го прочитал сценариото, веднаш ја запрел продукцијата.

8-filmovi-od-dizni-shto-nikogash-ne-bile-zavrsheni-07.jpg

Dumbo II

Се планирало вториот филм да продолжи веднаш после настаните во првиот. Фокусот требало да биде врз бебињата животни кои се изгубиле и разделиле во Њујорк и кои сега се обидуваат да се вратат дома.

Исто така имало идеја секој лик да претставува различна фаза од детството и сите проблеми што доаѓаат со неа.

Иако звучи навистина интересно, изгледа дека никогаш нема да го изгледаме овој филм.

8-filmovi-od-dizni-shto-nikogash-ne-bile-zavrsheni-08.jpg

Monsters, Inc. 2: Lost in Scaradise

Во 2005-та година сценаристите почнале да работат на продолжение од популарниот Monsters Inc. Дејството се случувало една година после настаните во првиот филм.

Мајк и Сули го посетуваат човечкиот свет на роденденот на Бу за да ѝ дадат подарок, но сфаќаат дека таа се преселила. После мало несогласување, главните херои се разделуваат и остануваат заробени во човечкиот свет.

Приказната звучи одлично, но работата на филмот престанала откако студиото за анимација што работело на него било затворено. На крај, вториот филм беше направен од Pixar.

8-filmovi-od-dizni-shto-nikogash-ne-bile-zavrsheni-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg