Најпотценетите филмови во 2019 година – што добро испуштивте да изгледате?

Fast Color (2019)

Млада жена која има натприродни способности е во бегство од моментот кога ќе бидат откриени нејзините моќи. Таа му се враќа на семејството и фармата што ја напуштила одамна.

Додека се крие од локалниот шериф, таа почнува да ги поправа односите со нејзината мајка и дознава дека моќта што ѝ е потребна била отсекогаш длабоко во неа.

High Flying Bird (2019)

За време на задолжителната пауза на кошаркарите, спортскиот агент Реј Бурк се обидува да реализира неверојатна деловна можност со помош на дебитантот кошаркар Ерик Скот, чин што предизвикува потрес во светот на спортот.

Plus One (2019)

Со цел да преживеат летото кое го има зафатено свадбена треска, долгогодишните пријатели Бен и Алис решаваат да си бидат еден на друг „плус еден“ на секоја свадба на којашто се поканети.

Ready or Not (2019)

Грејс е пресреќна бидејќи треба се омажи за човекот од нејзините соништа на луксузниот имот на неговото семејство.

Но, според семејната традиција, таа мора да се крие од полноќ до зори, додека членовите од нејзиното идно семејство се обидуваат да ја нападнат наоружани до заби.

The Last Black Man in San Francisco (2019)

Џими и неговиот најдобар пријател Монт се обидуваат да ја вратат во сопственост куќата изградена од дедото на Џими.

Тргнувајќи на потресна одисеја која ги поврзува повторно со нивното минато, патувањето го тестира нивното пријателство и чувството за припадност на местото што го нарекуваат дома.

Бонус филм: Yesterday (2019)

Џек Малик е талентиран музичар-аматер во мал англиски град, чии соништа за слава брзо згаснуваат, и покрај неговата посветеност и поддршката на најдобрата пријателка Ели.

После несреќата за време на мистериозно глобална затемнување, Џек се буди со откритието дека тој е единствениот човек што се сеќава на групата Битлси и нивните хитови.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg