Најпотценетите филмови во 2019 година – што добро испуштивте да изгледате?

Се случува да испуштиме многу добри и квалитетни филмови, само затоа што не биле доволно изрекламирани или пак критичарите ги занемариле од некоја причина.

Najpotcenetite-filmovi-vo-2019-01.jpg

Сепак, тековната 2019 година понуди одлични филмски остварувања. Но, многу веројатно е дека голем дел од понудените во списокот подолу сè уште ги немате изгледано.

Ова е само мал дел од најпотценетите филмови во 2019 година кои се вредни за вашето време и внимание:

Midsommar (2019)

Млада брачна двојка патува во Шведска за да го посетат родниот град на нивниот пријател и летниот фестивал кој се одржува таму. Но, она што започнува како идиличен одмор, набрзо се претвора во кошмарно и бизарно искуство предводено од пагански култ.

Photograph (2019)

Уличен фотограф е под притисок од неговата баба да се ожени. Тој убедува една срамежлива девојка да глуми дека е неговата вереница. Двајцата наскоро развиваат неочекувана врска што ги трансформира на начин каков што не замислувале.

Alita: Battle Angel (2019)

Дејствието е сместено неколку векови во иднина. Делови од напуштената Алита се наоѓаат во депонија за отпад и старо железо. Сочувствителен сајбер доктор го носи несвесниот киборг Алита во неговата клиника.

Кога таа ќе се разбуди, нема никакви сеќавања која е, ниту каде се наоѓа. Додека Алита учи како да се снајде во нејзиниот нов живот. Идо се обидува да ја заштити од нејзиното мистериозно минато.

Crawl (2019)

Масовен ураган погодува град на Флорида. Младата Хејли ги игнорира наредбите за евакуација и тргнува да го бара нејзиниот исчезнат татко Дејв.

Откако го наоѓа тешко повреден во нивниот семеен дом, двајцата остануваат заробени поради поплавите. Хејли и Дејв откриваат уште поголема закана од покачувањето на нивото на водата - немилосрден напад од гигантски алигатори.

Fighting with My Family (2019)

Пејџ и нејзиниот брат Зек се пресреќни кога добиваат шанса за натпревар во професионална боречка лига. Но, кога само Пејџ ќе заработи место во конкурентската програма, таа мора да ги остави своите најблиски зад себе и сама да се соочи со новиот начин на живот.

Патувањето на Пејџ започнува со трансформација, докажувајќи му на светот дека она што ја прави различна е работата што може да ја направи ѕвезда.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg