Бевме на снимање на Преспав, сезона 4 - први фотки и видеа

Сите со нетрпение ја очекуваме новата сезона од хит серијата Преспав, а денес екипата го одбележа почетокот на снимањето, на кое имавме можност да присуствуваме.

bevme-na-snimanje-na-chetvrta-sezona-na-prespav-kako-izgledaat-akterite-na-set-video-01.jpg

Официјално започна снимањето на четвртата сезона на Преспав, во која ќе се одбележи јубилејната 100-та епизода од ТВ серијата, која стана хит за многу кратко време.

Четвртата сезона на Преспав ќе се емитува од декември 2019-та, а дотогаш на фановите ќе им овозможуваме преку фотки и видеа да ѕирнат како изгледа снимањето.

bevme-na-snimanje-na-chetvrta-sezona-na-prespav-kako-izgledaat-akterite-na-set-video-002.jpg

Денес присуствувавме на снимањето на првата клапа од четвртата сезона на Преспав и имавме можност да проследиме кратка сцена на рецепција во која Коста ѝ се „пушта“ на Јелена, а Талат како и секогаш, се вмешува во разговорот и успева да ги насмее сите. 

Видеото од сцената и останатите инсерти од снимањето погледнете ги на нашиот Instagram профил во Story Highlights - Преспав.

bevme-na-snimanje-na-chetvrta-sezona-na-prespav-kako-izgledaat-akterite-na-set-video-02.jpg

Актерите се возбудени за снимањето на четвртата сезона од Преспав, која се очекува да биде најдобра досега.

Дел од нив дадоа кратка најава пред да влезат на сет, ексклузивно за CRNOBELO.com, а легендарниот Миле Бузалески ни го откри и новиот сопственик на пансион Преспав.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
„Епизодата кога сите загубивме пријател“: Најзабавните моменти од „Friends“ со засекогаш омилениот Ч... Забавната игра во која Чендлер и Џои го добиваат станот на Моника и Рејчел, но и...
Змејови, епски битки и суперхерои – Кои се најскапите серии на сите времиња? Веќе неколку години светските стриминг сервиси трошат цело богатство за снимање ...
Мајката има 29, а синот 28 години – Филмови и серии во кои возрасната разлика на актерите е нелогичн... Сигурно знаете дека во историската драма Alexander, Анџелина Џоли ја глуми Олимп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg