Преспав доживува уникатен успех – серијата ќе се емитува во Бугарија

По 3 успешно реализирани сезони и заслужено стекната мега – популарност пред македонската публика, “Преспав“ ќе се прикажува и на бугарска национална телевизија. Правата за емитување во Бугарија ги откупи btv media Group, а ТВ серијата ќе ја збогати програмата на каналот bTV Comedy.

prespav-dozhivuva-unikaten-uspeh-serijata-kje-se-emituva-vo-bugarija-01.JPG

„Преспав е првиот ТВ хит од Македонија што ќе се емитува пред бројната бугарска публика. Навистина сум горд на овој успех и особено сум им благодарен на сите професионалци вклучени во реализацијата, како и на поддршката од МРТВ.“ – изјави Пеце Талески, продуцент на “Преспав“.

“Преспав“ ќе се емитува на btv Comedy секој ден од понеделник, до петок во 17 часот, а за викенд ќе следуваат репризи. btv Comedy е единствен канал на бугарскиот телевизиски пазар што емитува 24 часовна смеа, односно само комична и забавна програма. Каналот има за цел да создаде позитивен дух во етерот и добро расположение за гледачот.

prespav-dozhivuva-unikaten-uspeh-serijata-kje-se-emituva-vo-bugarija-02.JPG

Од ОхО додаваат дека во моментов се снима четвртата сезона, а со новите продуцирани 20 епизоди „Преспав“ ќе одбележи јубилеј – 100 епизоди од најуспешната ТВ серија во македонскиот медиумски простор.

Емитувањето на четвртата сезона ќе почне од декември 2019 година на првиот канал на МРТВ, а епизодите ќе бидат достапни и на каналот на „Преспав“ на YouTube.

prespav-dozhivuva-unikaten-uspeh-serijata-kje-se-emituva-vo-bugarija-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Гол презентер на сцената, паѓање на црвениот тепих: Забавни (и непријатни) моменти од Оскари 2024 Џон Сина се појави гол на сцената како презентер, Кирстен Данст се сопна на црве...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
„Епизодата кога сите загубивме пријател“: Најзабавните моменти од „Friends“ со засекогаш омилениот Ч... Забавната игра во која Чендлер и Џои го добиваат станот на Моника и Рејчел, но и...
10 понови серии за љубителите на психолошки трилери The Crowded Room со Том Холанд во главната улога и Expats со Никол Кидман во гла...
Змејови, епски битки и суперхерои – Кои се најскапите серии на сите времиња? Веќе неколку години светските стриминг сервиси трошат цело богатство за снимање ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg