Документарци што ќе ви помогнат да го погледнете светот со „нови очи“

Why Are We Creative: The Centipede’s Dilemma (2018)

Ова е филм на Херман Васке кој ја истражува креативноста преку разговор со режисери, сликари, музичари и научници.

Тој интервјуирал над 100 луѓе, обидувајќи се да сфати дали и како може да ја контролира креативноста.

The Cleaners (2018)

Дигиталното чистење претставува отстранување на непотребни информации од интернетот, а овој документарец се обидува да ги сумира предностите и недостатоците од тоа.

Во филмот запознаваме 5 искусни „чистачи“ кои споделуваат тајни за нивната професија. Креаторите интервјуирале луѓе од сите краеви на светот, па можеме да го слушнеме гласот и на оние кои се под силно влијание на интернет цензурата.

Apollo 11 (2019)

Ова е документарец за слетувањето на човекот на месечината.

Филмот содржи ретки видеа и интервјуа од историскиот момент.

Целта на филмот е едноставна – да ги тргне сите сомнежи и да ја прикаже реалната страна на еден од најважните настани во нашата историја.

Visages Villages (2017)

Овој филм е всушност авантурата на режисерот Агнес Варда и фотографот Џ. Р. околу предградијата на Франција.

„Visage Villages“ е неверојатен филм исполнет со случајни средби, необични пријателства и убавината на светот што нè опкружува.

Филмот си доби и номинација за Оскар во 2018-та.

One Strange Rock (2018)

На листава имаме уште една серија. „One Strange Rock“ раскажува за мистериите на нашата планета и илјадниците научници кои даваат сè од себе за да ги решат.

Ќе научите за улогата на науката во модерниот свет, но и за неверојатните откритија што допрва следуваат.

Wild Amsterdam (2018)

Прошетајте го неверојатниот Амстердам низ очите на мачето Фритс и другите локални животни.

Овој филм сака да ни покаже дека градот не постои само за луѓето, туку и животните можат да си го најдат комфорот на неговите улици.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
10 филмови со кучиња кои можете да ги гледате и со вашите деца Љубовта кон животните е посебна, а кучето, како најдобар пријател на човекот, мо...
10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во глав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg