5 неверојатни нови серии кои ќе ве „извадат од чевли“

Дали сте подготвени за нова „тура“ серии кои совршено ќе ви го пополнат слободното време? Најновото сериско остварување на Хулу „The Great“ е неверојатна драма со примеси на сатира и одлична доза на хумор. Во секој случај, не е како ниту една серија која сте ја гледале досега.

5-neverojatni-novi-serii-01.jpg

Доколку сте во потрага по нови, интересни серии, ние ги имаме вистинските предлози:

The Great (2020 – )

Катерина се мажи за рускиот крал Петар III. Таа доаѓа во Русија со неверојатно високо очекувања за уметност и наука, а доживува шок поради културолошките разлики со нејзината Австрија. Дворецот на кралот Петар е исполнет со разврат, а самиот тој е неспособен и несериозен за владеење. Таа смислува неверојатен план како да ја воздигне Русија онака како што ѝ доликува.

https://www.youtube.com/watch?v=hJGedvRfHYg

After Life (TV Series 2019 – )

Тони има совршен живот, сè додека неговата жена Лиса не умре. По трагичниот настан, тој целосно се менува. Човекот којшто сите го знаеле како фин и љубезен станува неверојатно дрзок и необѕирен. Откако анализира дали ќе биде паметно да си го одземе животот, Тони решава дека сепак е подобро да живее доволно долго со цел да го казни светот со тоа што ќе зборува и ќе прави што и да посака, без да размислува за последиците.

Mrs. America (TV Series 2020 – )

Женското феминистичко движење во САД сака да го ратификува Амандманот за еднакви права помеѓу мажите и жените. Сепак, не сите жени размислуваат така. Филис Шлафли, горда домаќинка, жена на успешен републикански политичар и мајка на 6 деца решава да основа контра-движење кое едноставно не сака да се изгласа амандманот и ќе направи сè што е во нејзина моќ за да го запре.

Unorthodox (ТВ мини-серија 2020)

Приказна за Естер, млада Еврејка која пребегнува во друга земја и ги отфрла своите религиозни убедувања како и договорениот брак, со цел да започне нов живот на едно сосема друго место. Сепак, изгледа дека никогаш во целост не можеме да му избегаме на минатото. Тоа полека почнува да ја стигнува.

https://www.youtube.com/watch?v=-zVhRId0BTw

Normal People (TV Series 2020– )

Работена според новелата на Сали Руни, серијата ја следи приказната на Мариен и Конел, тинејџери кои се вљубуваат додека одат во истото средно училиште, а нивните животи се дополнителни испреплетени на неочекуван начин. Сепак нивната врска мора да остане во тајност. Конел е прилично популарен меѓу соучениците, а Мариен е омразена од нив. Приказна за созревањето, вљубувањето, загубата и пронаоѓањето.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg