Најтажната сцена на која сите плачат во „Тома“ е измислена и уште 5 невистини прикажани во филмот

Песната „За Љиљану“ е посветена на позната српска актерка, а менаџерот Дрда не постоел во реалноста но го носи името на познат српски боем што му помогнал на Бјелогрлиќ во реализацијата на „Монтевидео“. Неколку факти од филмот „Тома“ што се измислени.

komu-navistina-mu-e-posvetena-pesnata-za-liljanu-i-drugi-fakti-od-filmot-toma-shto-se-izmisleni-01.jpg

Минатата година филмот „Тома“ ја воодушеви балканската публика, а за време на новогодишните празници се емитуваше на МРТ, па така најголем дел од македонската публика имаше можност да го погледне.

komu-navistina-mu-e-posvetena-pesnata-za-liljanu-i-drugi-fakti-od-filmot-toma-shto-se-izmisleni.jpg

Филмот одблиску го следи и е направен за животот на српскиот пејач Тома Здравковиќ, но има неколку сцени што се во целост измислени и не се дел од животот на пејачот.

Во продолжение да погледнеме кои се тие сцени:

Најтажната сцена од филмот е измислена

Никој не остана рамнодушен на сцената во која Тома ја пее познатата песна „За Љиљану“ и којашто тој, во филмот, ја посвети на сопругата на неговиот лекар Хаџипоповиќ.

Лилјана во филмот боледуваше од рак и Тома ѝ ја посвети песната што ќе живее подолго од неа.

komu-navistina-mu-e-posvetena-pesnata-za-liljanu-i-drugi-fakti-od-filmot-toma-shto-se-izmisleni-03.jpg

Тоа дефинитивно беше најтажната сцена од филмот, но, факт е дека тоа никогаш не се случило.

Песната „За Љиљану“ во реалноста е посветена на актерката Лилјана Благојевиќ, а како што откри неговата поранешна сопруга Гордана, Тома воопшто не го напишал текстот туку само ја компонирал музиката.

Докторот Хаџипоповиќ постои само во филмот

Актерот Петар Бенчина маестрално ја одигра улогата на лекарот Алекса Хаџипоповиќ, но ова е уште еден факт во филмот што е измислен.

Улогата на лекарот што го следи Тома на концертите, го лекува и го убедува да почне да води поуреден и поздрав живот е измислена за филмот да добие малку поголема доза емоција.

Дополнително, животната трагедија на Тома се преплетува со онаа на лекарот кој во филмот ја загуби сопругата.

komu-navistina-mu-e-posvetena-pesnata-za-liljanu-i-drugi-fakti-od-filmot-toma-shto-se-izmisleni-04.jpg

Актерот Никола Пејаковиќ, кој е еден од сценаристите на филмот во однос на оваа сцена ќе каже:

„Година и пол правевме истражување и јас најмногу разговарав со Тозовац и со сопругата на Тома. Бјела разговараше со братот на Тома, Новица и се гледа дека тие разговори доста влијаеле врз него.

Јас се обидов да ги тргнам анегдотите за животот на Тома настрана и да откријам што навистина го мачи. Затоа морав да направам нова приказна и да ги воведам ликовите како докторот и Лилјана што воопшто не постоеле“.

Тома Здравковиќ имал четири, а не две сопруги

Во филмот речиси сите имавме можност да видиме дека Тома бил лудо вљубен во Силвана Арменулиќ, но сепак имал два брака со други жени.

komu-navistina-mu-e-posvetena-pesnata-za-liljanu-i-drugi-fakti-od-filmot-toma-shto-se-izmisleni-05.jpg

Првата сопруга ќе ја остави затоа што го изневерила и тогаш ја напушта и Србија, а потоа ќе се сретне со сопругата Гордана со која останува до крајот на филмот.

Во стварноста Тома имал четири брака. Првата сопруга му се викала Олгица, потоа бил во брак со Милица, па со Нада Радановиќ од Цетиње и на крај со Гордана која денес живее во Торонто и која била контактирана од страна на продуцентите на филмот.

Тома нема само едно дете

Од филмот „Тома“ се добива впечаток дека српскиот пејач имал само едно дете, а од непознати причини не се напоменува дека пејачот има уште една ќерка.

Од првиот брак со Олгица, Тома ја добил ќерката Жаклина која според пишувањата во српските медиуми денес живее во Холандија и е мајка на две деца.

Тома и Олгица се венчале во летото во 1963-та година, но се развеле само неколку месеци по венчавката.

komu-navistina-mu-e-posvetena-pesnata-za-liljanu-i-drugi-fakti-od-filmot-toma-shto-se-izmisleni-06.jpgФото: Facebook

Од бракот со Гордана, последната сопруга, Тома го има синот Александар, познат и како Саша.

Песната на Лепа Лукиќ „Срце је моје виолина“ во тоа време не била снимена

Голем број сцени од филмот „Тома“ одблиску го прикажуваат и неговиот боемски начин на живот во кафеани.

komu-navistina-mu-e-posvetena-pesnata-za-liljanu-i-drugi-fakti-od-filmot-toma-shto-se-izmisleni-07.jpg

Интересно е тоа што песната „Срце је моје виолина“ е снимена во 1989-та година, односно само две години пред смртта на Тома во 1991-вата година, така што воопшто нема никакви шанси таа песна да се пеела на концертните турнеи на кои оделе заедно во младоста.

Менаџерот Дрда е измислен

Во реалниот живот Тома Здравковиќ имал околу пет менаџери што му помагале за кариерата, а менаџерот од филмот, Дрда, е измислен лик.

komu-navistina-mu-e-posvetena-pesnata-za-liljanu-i-drugi-fakti-od-filmot-toma-shto-se-izmisleni-08.jpg

Интересно е тоа што во реалноста навистина постоел човек што се викал Драган Даковиќ Дрда и имал мошне важна улога во снимањето на еден друг крупен филмски проект на Драган Бјелогрлиќ.

Дрда бил поранешен фудбалер и познат српски боем па тој на повеќе начини помагал да се реализира култниот филм Montevideo. Тој ненадејно починал во 2020-тата година на возраст од 57 години.

Прочитајте и „Ме нарекуваа најголемата овца, родена за коцкање“ – интересни факти од животот на легендарниот Тома Здравковиќ

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg