Предлог книга: „Сеќавање на љубовта“ од Алисон Ричман

Кога ладното време надвор ве тера да се завиткате во нешто топло и да земете шолја чај покрај себе, не заборавајте на вашиот најверен пријател – книгите.

predlog-kniga-sekjavanje_na_ljubovta_od_alison_ricman-01.jpg

„Сеќавање на љубовта“ е книга која ќе ве натера повторно да верувате дека постои вистинската љубов, чиста, искрена и безвременска.

Заснована на вистинската приказна за двајца млади евреи кои љубовта ги спојува, но сепак животот и војната се испречуваат меѓу нив, градејќи ѕид кој се чини дека е невозможно да се сруши.

Родена како најстара ќерка во едно скромно еврејско семејство Ленка наследува од мајка си извонреден талент за сликање и сонува еден ден да стане позната сликарка. Запишувајќи се на сликарската академија во Прага го запознава Јозеф, братот на една од нејзините најдобри пријателки од академијата.

Љубовта започнува да се вселува во нивните срца и да создава една навидум совршена приказна, но одеднаш се појавува и војната и со својот виор успева за само еден момент да ја растргне љубовта на два сосема различни краја на светот.

Дали е можно да го продолжите животот затворени меѓу четири ѕида без никаква верба дека еден ден можеби ќе бидете повторно среќни? Можете ли да верувате дека животот ви го одзел најважното нешто, а вие сепак чувствувате дека тоа е тука? Дали ќе дозволите некој да ви ги залечи раните кои војната толку многу ги отворила што мислите дека никогаш нема да зараснат? И дали верувате во магија на љубовта, дека можеби после многу, многу години личностите кои сте ги закопале во минатото магично ќе воскреснат појавувајќи се во сегашноста за да ви покажат дека љубовта е посилна и од војната, и од суровоста на светот и од најголемите далечини?

Препуштете и се на приказната и не заборавајте љубовта навистина е посилна од сè.  

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 книги кои вреди да ги прочитате (и за кои ќе размислувате со денови) Книги наменети за оние на кои книгите им се лек за душата и кои сакаат четива шт...
4 книжевни предлози од македонските инстаграмџики Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои с...
Од траума до триумф: Автобиографија за храброста и верата во човечката сила Издавачката куќа САКАМ КНИГИ на 06.04.2024 (сабота), во 13:00 часот во книжарниц...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 книги наменети за читатели со префинет вкус Дaли за вас книжевноста е „духовна храна“ или читате сѐ што ќе ви дојде во рака?...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg