5 одлични книги со француски шмек

Велат дека ако бараш добро вино, добро сирење и добра љубов, мора да појдеш барем еднаш во животот во Париз. Градот на светлината нуди широка лепеза на неповторливи искуства, кои ќе ве зашеметат со прекрасните бои, ароми и вкусови.

5-knigi-so-francuski-shmek-koi-ke-ve-inspiriraat-01.jpg

Магичните квартови и тесни улички, широките авении и луксузни продавници, префинетите ресторани, високата француска мода и пенливите вина, сјајот и бедата како две контрадикторности во вечниот Париз, се дел од овие 5 книги кои целосно ќе ве освојат со автентичен шмек и ќе ве инспирираат на похрабри подвизи:

Како да бидеш Парижанка, каде и да си: љубов, стил и лоши навики – Ан Берест, Одри Диван, Каролин де Мегре, Софи Мас

Четирите здружени пријателки кои имаат кариери во музиката, модата, филмот и издаваштвото, решаваат да фрлат малку поинаква светлина на вечниот Париз. Тие се искрени и ги соголуваат митовите за тоа што значи да се биде Французинка во денешно време.

Оваа книга е топла и забавна, ќе ве насмее и расположи. Авторките ќе ве однесат на низа романтични состаноци, забави, на село, а со нив ќе преживеете и еден тежок мамурлак.

Нивните животи носат неволји, но и многу изненадувања, кои ќе ве охрабрат и инспирираат. Одлично четиво кое со себе го носи духот на Франција, како облаче парфем.

5-knigi-so-francuski-shmek-koi-ke-ve-inspiriraat-02_copy.jpg

Елеганцијата на ежот – Мириел Барбери

Рене и Палома на прв поглед не може да се поразлични – првата е куќна помошничка во елитна париска зграда, а втората е 12-годишна тинејџерка која веќе е заситена од животот, а истовремено фасцинирана од јапонски манга-стрипови.

Рене сепак е изложена на уметност, музика и филозофија, а со вселувањето на јапонскиот бизнисмен Озу во зградата, ќе биде разоткриена нејзината префинетост и скриената ненаметливост која таа ја носи со себе, што е реткост во денешно време.

Скромност наспрема богаташка извештаченост, книга со многу јасни поделби, но и силна порака.

5-knigi-so-francuski-shmek-koi-ke-ve-inspiriraat-03_copy.jpg

На дното и отфрлен во Париз и Лондон – Џорџ Орвел

Ова е првото објавено дело на култниот Орвел, и дава живописна слика на потполната беда која ја опишува авторот.

Детално опишувајќи ги сиромашните квартови во Париз, просто можете да го почувствувате мирисот на дискриминацијата, несреќата и неправдата, на луѓето кои се откажале од идејата да бидат нормални и пристојни.

Во шокантниот роман преполн емоции, Орвел дава јасна слика за човекот кој е на дното на општествените скалила, објаснувајќи ја расипаноста на системот којшто не дава можност за промена кон подобро.

5-knigi-so-francuski-shmek-koi-ke-ve-inspiriraat-04_copy.jpg

Белата светлина во Париз – Тереза Ревај

Ксенија е млада Русинка која се соочува со живот во прогонство, откако бега од болшевиците од Санкт Петербург во градот на светлината Париз. Таа е упорна, храбра и има впечатлива убавина, која ќе го привлече погледот на привлечниот фотограф, Германецот Макс.

Во фокусот е неповторлива романса, која ќе мора да го преживее тестот на времето, историјата и дилемата на Тереза...

5-knigi-so-francuski-shmek-koi-ke-ve-inspiriraat-05_copy.jpg

Ана и францускиот бакнеж – Стефани Перкинс

Ана има сè – најдобра другарка, работа во киното и колегата кој прави нејзиното срце да чука побрзо. Животот во Атланта е мирен и среќен, сè додека нејзиниот свет не се преврти наопаку, со одлуката на нејзиниот татко да ја испрати во интернат во Париз.

Таа не зборува француски и не е воодушевена од изборот, но во новото опкружување се појавува згодниот Етјен, кој целосно го окупира нејзиното внимание.

Ќе заврши ли годината со францускиот бакнеж кој Ана толку силно го посакува?

Слатко, невино и романтично четиво за сите генерации.

5-knigi-so-francuski-shmek-koi-ke-ve-inspiriraat-06_copy.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg