Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


3 нови љубовни наслови кои совршено ќе ви го пополнат слободното време

Пролетта која буди сé што заспало околу нас ги буди и нашите чувства. Време е за љубов и страници исполнети со бескрајна нежност.

3-novi-ljubovni-naslovi-koi-sovrseno-ke-vi-go-popolnat-slobodnoto-vreme-01.jpg

Овие три нови наслови се одличен избор за сите кои трагаат по љубов и романтика. Ви ветуваме квалитетно исполнето слободно време доколку направите простор за:

Девојката од Бруклин - Гијом Мисо  

Што кога љубовта на вашиот живот ќе ви открие страшна непријатна тајна поврзана со неа? Дали би продолжиле да ја сакате исто онака како што сте ја сакале пред да дознаете во што е вплеткана?

Кога Ана ќе му ја открие непријатната вистина за злоделото кое го сторила пред многу години, нејзиниот свршеник ќе стане и ќе си замине. Кога се враќа подоцна да ја побара, Ана е веќе исчезната.

Мистериозна и напната, со неверојатен заплет и љубовни елементи, овој трилер ќе ви го држи вниманието до последната страница.

3-novi-ljubovni-naslovi-koi-sovrseno-ke-vi-go-popolnat-slobodnoto-vreme-02.jpg

После тебе - Џоџо Мојес  

Вториот дел на „Јас пред тебе“ ја продолжува приказната на Луиза Кларк. После шесте месеци поминати со Вил кој веќе е починат, таа не знае како да го продолжи животот понатаму. Ќе биде приморана да се врати дома кај своето семејство, со чувството дека е повторно на почетокот и не се сменило ништо.

Лу ќе побара помош во група за поддршка каде што секој на свој начин се соочува со загубата, гневот и фрустрациите. За Лу, животот после Вил значи како да се преживее, како да се сака повторно и да се соочи со сите предизвици кои животот ѝ ги фрла на патот.

3-novi-ljubovni-naslovi-koi-sovrseno-ke-vi-go-popolnat-slobodnoto-vreme-03.jpg

Улица Индија - Саманта Јанг  

Марко ѝ го крши срцето на Хана после една ноќ исполнета со страст, кога ненадејно си заминува од Шкотска. Тој е единствениот маж кого Хана го сакала, но таа е скршена. Не може да (го) заборави, да му прости, ниту да продолжи понатаму.

Години подоцна кога повторно се среќаваат, Марко е решен повторно да ја освои и да не се откаже без борба. Свесен за своите грешки, тој неуморно моли, но Хана е непопустлива. За одмазда, таа му ја открива тајната која ќе ги смени нивните животи. Дали имаат воопшто шанса да бидат заедно?

3-novi-ljubovni-naslovi-koi-sovrseno-ke-vi-go-popolnat-slobodnoto-vreme-04.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg