Зошто басните на Езоп и денес се релевантни колку што биле и порано?

„Лисицата и грозјето“, „Желката и зајакот“, „Северецот и сонцето“ и „Овчарчето и волкот“- овие, и многу други прекрасни басни биле голем дел од детството за многумина од нас. Едукативни, духовити и инспиративни, басните секогаш имаа „морал на приказната“, важни лекции што можат да бидат голем дел од растот.

Zosto se basnite na Ezop I denes relevantni kolku sto bile I porano 01

Но, никогаш не сфативме дека дури и во 21-от век слушавме исти приказни како децата од класичната антика. И токму тоа ги прави овие басни толку значајни и бесмртни.

Пред да се фокусираме на самите басни, треба да се запознаеме со фигурата што ги напишала, како и со тековната енигма на неговото вистинско постоење.

Езоп бил роден приближно во 6 век п.н.е. Неговото име и потеклото го потврдуваат неколку историчари од Грција; како Аристотел, Калимах, Плутарх и Херодот. Постојат неколку факти во сите овие биографии што се совпаѓаат, што ни даваат неколку основни аспекти од животот на Езоп.

Повеќето писатели велат дека Езоп бил неверојатно грд роб, кој на крајот ја стекнал својата слобода со помош на неговата духовитост.

Од најраните кажувања на овие популарни басни, тие секогаш биле припишувани на Езоп, но дали тој ги напишал, или дали тој дури и живеел, сè уште е прашање за многу дебати.

Сите можеме да се согласиме дека поради честото спомнување на неговото име низ антиката, тој веројатно постоел, но сите други детали за него се дискутабилни.

Zosto se basnite na Ezop I denes relevantni kolku sto bile I porano 02

Но каква и да е приказната за животот на Езоп, еден факт останува непроменет - неговото наследство е монументално. Со околу 725 басни неизмерноста на неговата работа не може да се одрече.

Длабоките филозофски аспекти на овие басни ги прави толку значајни и сакани ширум светот. Басните се како „вистина опишана со лажни дискурси“ - збир на духовити, хипотетички ситуации што рефлектираат многу подлабоки теми од нашите животи.

Тие се совршен начин за приближување на популацијата кон подлабоките концепти.

Басните ги истражуваат темите како што се амбиција, алчност, сила, слабост, измама, чесност, љубов, омраза и сиромаштија.

Некои теми од приказните на Езоп ни даваат увид во животот на народите во класична Грција. Во некоја смисла ги отсликуваат социјалните норми на тоа време, со очигледен акцент на моралот.

Zosto se basnite na Ezop I denes relevantni kolku sto bile I porano 03

Во центарот на басните, исто така, се наоѓаат боговите или митските херои и суштества.

Од најраните времиња, од самиот почеток на општеството, можеме да видиме дека пишаниот збор, како и усните традиции, играле значајна улога кај секој народ.

Една приказна или басна носи толку големо влијание, бидејќи постојано се раскажува низ генерации, со векови. Кога секое дете и секој постар човек ќе можат да извлечат морална лекција што ќе им го промени животот, знајте дека таквото значење е безвременско.

Кој е моралот на приказната овде? Моралот на приказната е дека дури и во едноставни, кратки басни можеме да најдеме неизмерна важност и дека моралот никогаш нема да излезе од мода.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
5 безвременски дистописки романи - наменети за вистински љубители на книги Визијата на Хаксли за иднината во „Прекрасен нов свет“ го опфаќа општество каде ...
3 биографии што треба да ги прочитате оваа есен (за луѓето што не се повеќе со нас) „Здраво, се викам Метју, иако можеби ме знаете и по друго име. Пријателите ме ви...
4 книжевни предлози од македонските инстаграмџики Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои с...
3 биографски книги што вреди да ги прочитате оваа есен Дали сакате да читате биографски книги? Ако да, тогаш овие три понови изданија с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg