„Ти си ѕвер“ – и уште 2 одлични книги кои ќе ве инспирираат да го живеете животот што го посакувате

Дали сте од оние луѓе кои посакуваат да направат драстична промена во животот, но немате доволно храброст или инспирација за тој чекор?

Ti-si-zver-i-uste-2-inspiraticni-knigi-01.jpg

Овие 3 неверојатни приказни ќе ви го дадат поттикот да ја направите посакуваната промена. И не заборавајте – годините се само бројка. Никогаш не е доцна. Препреките трансформирајте ги во предизвици.

Еве како го направиле тоа другите:

Ти си ѕвер – Џен Синсеро

Во оваа освежувачки забавна книга, светски познатиот тренер за личен развој и успех, Џен Синсеро, нуди 27 поглавја полни со комично инспиративни приказни, отворени совети, лесни вежби и по некоја псовка. Ако сте подготвени да направите сериозни промени во вашите животи, „Ти си ѕвер“ навистина ќе ви помогне.

Ќе ги идентификувате и промените вашите убедувања и однесувања кои не ви дозволуваат да го добиете тоа што го сакате во животот, ќе ви помогне да ги искорените старите стравови за да можете да преземате големи и возбудливи ризици и ќе ви помогне конечно да почнете да заработувате пари, да му се сневиди.

Исто така ќе ви помогне да научите да се сакате себеси и другите, да си поставувате големи цели и да ги остварувате – генерално, ќе ви покаже како да создадете живот кој апсолутно ќе го обожавате и тоа како да го создадете веднаш.

Ti-si-zver-i-uste-2-inspiraticni-knigi (2).jpg

Храбри наместо совршени – Решма Саџани

Во книгата инспирирана од нејзиното популарно излагање на TED talk, Решма Саџани ги охрабрува жените и девојките да ги прифатат несовршеноста и храброста.

Повеќето од нас се чувствуваат скршени од товарот на нашите сопствени очекувања. Се исцрпуваме себеси, обидувајќи се да ги задоволиме сите, цело време. Си го нарушуваме сонот, размислувајќи да не сме навредиле некого, кои можности да ги пропуштиме затоа што ќе нè извадат од нашата зона на комфорот и како по секоја цена да избегнеме одбивање.

Постои причина зошто се однесуваме на овој начин, вели Решма. Како девојчиња, нè учеа да играме на безбедна карта. Родителите и наставниците нè фалеа затоа што сме тивки и учтиви, нè предупредуваа да бидеме внимателни за да не бидеме повредени и нè насочуваа на активности на кои можеме да блеснеме. 

Проблемот е дека совршеното девојче расте во жена која се плаши да потфрли. Време е да престанеме да дозволуваме нашите стравови да ги потопат нашите соништа и да го стеснат нашиот свет, заедно со нашата шанса за среќа.

Ti-si-zver-i-uste-2-inspiraticni-knigi (3).jpg

Образована - Тара Вестовер

Незаборавни мемоари за едно девојче кое, откако ќе се осмели да замине од семејството, завршува докторски студии на Кембриџ.

Родена во затворено, строго мормонско семејство од планините во Ајдахо, Тара Вестовер за првпат стапнала во училница на седумнаесетгодишна возраст. Нејзиното семејство било толку изолирано од општеството што не постоел начин властите да се погрижат децата да добијат образование или пак да се вмешаат кога еден од браќата станал насилен.

Откако другиот брат на Тара се запишал на факултет, и таа решила да започне нов живот. Потрагата по знаење постепено ја преобразила, ја поттикнала да го прошета светот, да се запише на Харвард и Кембриџ. Дури тогаш се запрашала да не отпатувала предалеку и дали постои начин да се врати дома.

Ti-si-zver-i-uste-2-inspiraticni-knigi (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 одлични романи од македонски автори (за вистински љубители на книгите) Трогателни приказни со херои кои живеат на нашите простори. Приказни инспирирани...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 романи од Софи Кинсела што се читаат и во автобус Романите на Софи Кинсела нема да ве остават рамнодушни. Нејзините приказни се ис...
3 романтични книги што треба да ги понесете на плажа со себе Некој сака опуштени љубовни приказни, други сакаат мрачни херои, а трети пак, се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg