Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Три фини книги за луѓе со префинет вкус

Tri-fini-knigi-01.jpg

Тој што чита – умее и да мисли. Доколку се препознавте во оваа изјава, со сигурност ќе уживате во следните три, нови предлози кои ги издвоивме за вас:

Град од пареа – Карлос Руиз Зафон

„Град од пареа“ претставува колекција од 11 приказни издадени постхумно во чест на прерано починатиот автор Карлос Руиз Зафон.

Меѓу овие приказни ќе сретнете:

- момче кое решава да стане писател кога открива дека неговите фантазии го поттикнуваат вниманието на едно девојче кое го заробило неговото срце; 

- бегството на еден архитект од Константинопол каде се планира да се гради несовладлива библиотека;

- чуден господин го искушува Сервантес да напише книга каква досега не постоела и Гауди, кој плови кон Њујорк воодушевен од светлата и пареата, нешта од кои секој град треба да е изграден…

Tri-fini-knigi (2).jpg

Куба од моите соништа – Шанел Клитон

Приказна за прекрасната и храбра Беатрис Перес, жена пред своето време, која ќе ризикува сè за своите идеали. Кубанската револуција ѝ зела сè на наследничката на шеќерната династија Беатрис Перес: нејзиното семејство, нејзиниот народ, нејзината земја.

Опседната со желбата да се одмазди и да го врати животот што го изгубила на Куба, се заплеткува во опасниот свет на шпионажата за да се инфилтрира во кругот на луѓето што му се најблиски на Фидел Кастро.

Студената војна како ураган ѝ се заканува на Флорида и на сè што ѝ значи на Беатрис, а таа е растргната меѓу политичкиот судир и забранетата афера со еден моќен и амбициозен маж.

Tri-fini-knigi (1).jpg

Ние не требаше да се сретнеме – Ањес Мартен-Лиган

Совршената хармонија на семејниот живот на галеристката Ада и ветеринарот Гзавие се уништува со една сообраќајна несреќа. Дали ќе успеат да се справат со фаталните последици, со предизвиканите физички и емотивни штети?

Ние не требаше да се сретнеме е приказна за загубата и повторното наоѓање, за еден љубовен триаголник и потребата од прошка и соземање. Роман за способноста да ја преобразиме траумата во прифаќање во процесот на надворешно и внатрешно закрепнување.

Tri-fini-knigi (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 книги идеални за почетокот на есента, кои ќе ве расположат Иако се неповрзани тематски една со друга, единствената заедничка работа на овие...
3 биографски книги што вреди да ги прочитате оваа есен Дали сакате да читате биографски книги? Ако да, тогаш овие три понови изданија с...
4 книжевни предлози од македонските инстаграмџики Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои с...
3 книги наменети за читатели со префинет вкус Дaли за вас книжевноста е „духовна храна“ или читате сѐ што ќе ви дојде во рака?...
3 нови романи со моќни хероини, кои нема да ви дадат мир до последна страница Што се случило со убавата маѓепсничка Кирка откако Одисеј го напуштил нејзиниот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg