„Ја изгубив мајка ми пред 20 години“ – Македонка го воодушеви и расплака жирито на Malta's Got Talent

„Ја изгубив мајка ми пред 20 години, па овие песни се разговорите со неа“, беше изјавата на Деница која предизвика солзи кај жирито.

ja-izgubiv-majka-mi-pred-20-godini-makedonka-go-voodushevi-i-rasplaka-zhirito-na-malta-s-got-talent-01.jpg

Деница Апостоловска има 32 години и на настапот во музичкото натпреварување Malta's Got Talent гордо кажа дека е Македонка.

Таа вели дека пред 5 години само го земала нејзиниот ранец и одлучила да ја истражи Малта, но земјата ѝ се допаднала многу и останала да живее таму.

Скромна и природна со неверојатен музички талент, таа настапот ѝ го посвети на својата мајка, која починала пред 20 години.

Деница откри дека нејзиниот настап се вика „Разговори со мојата мајка“ и е комбинација од неколку песни од кои првата „Angels“ од Роби Вилијамс. Токму тоа предизвика солзи кај една членка од жирито која исто така ја изгубила мајка си.

ja-izgubiv-majka-mi-pred-20-godini-makedonka-go-voodushevi-i-rasplaka-zhirito-na-malta-s-got-talent-02.jpg

„Свириш со таква страст на гитарата, многу ми се допадна тоа“, беше еден од коментарите на членовите од жирито. „Родена си да пееш“, продолжуваа пофалбите.

Деница без проблем доби „да“ од сите членови на жирито.

Погледнете го нејзиниот настап:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски хитови кои добија модерна верзија: Преработки кои ни будат носталгија (втор дел) Наде Талевска во дует со хрватскиот пејач Жак Худек ја препеа „Остани во мене“ о...
„Наше време“ – Харизма Бенд со нова песна „Наше време“ е името на новата песна на Харизма Бенд, за која е снимен и видеосп...
Brass Brothers и MIYATTA го претставуваат својот прв заеднички проект: „I Wanted More“ Македонската музичка атракција Brass Brothers позната по извонредно динамичните ...
Лозано, скриен под маска на карневалот во Венеција, сними спот за новата песна „Маскенбал“ (видео) Облечен во костум како во времето на Казанова, Лозано шета низ плоштадот Сан Мар...
'Move It' – Нов сингл на Brass Brothers Македонската музичка атракција Brass Brothers позната по извонредно динамичните ...
Браво! Ана (13) од Битола остава без зборови со својот моќен настап на јуниорскиот San Remo (видео) „Кон крајот на јануари добивме официјална потврда дека сум примена да настапам н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg