Подготвени сте да стекнете интернационално искуство?

Во денешното секојдневие, желбата на секој млад човек е да посети повеќе различни делови од светот. Идејата да се откријат разновидни култури, да се искуси различен начин на живот и да се запознаат нови луѓе е секако примамлива.

podgotveni-ste-da-steknete-internacionalno-iskustvo

Секоја земја нуди еден поинаков аспект на живеење, кој со своите обележја и навики се издвојува од вообичаеното. Егзотични и вкусни јадења, мистични религии и верувања, пејзажи кои би ве оставиле без здив и градби кои воодушевуваат со својата автентична појава.

Постои ли некаква можност да се искуси сето ова?!?

АИЕСЕК и ЗИП травел ќе ви покажат два интересни начини да го остварите својот сон и да стигнете до посакуваната дестинација. Придружете ни се на 01 ( понеделник ) и 02 ( вторник ) октомври, на кампусот на општествените факултети, почнувајќи од  10 часот наутро до 14 часот попладне.

Дозволете ни да ви претставиме како на наједноставен начин да отпатувате во странство и да се стекнете со незаборовно лично, но и професионално искуство.

Програмата за размена која ја нуди АИЕСЕК може да биде со времетраење од 6 до 78 недели,  во преку  110 земји во светот. Со Zip Travel можете да го посетите новиот континент и да работите 4 месеци во единствената Америка, искористувајќи и ја можноста еден месец да патувате за да ги откриете убавините на Соединетите држави. Тоа е уште една од поволностите кои ви ги нуди Zip Travel.

Ве очекуваме!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg